Чаир 2030 и ТФТ Моцарт одиграа уште еден натпревар исполнет со доста промени, и во играта, но и во резултатот пред се. По втор, пат за неколку дена, ТФТ Моцарт имаше резултатска контрола на случувањата на теренот во салата „Шабан Трстена“. И не ги повтори грешките, стигна до многу важна гостинска победа, и што е поважно, обезбеди два натпревари на домашен терен, во СРЦ „Кале“
ЧАИР 2030 – ТФТ МОЦАРТ 72:83 (1-1)
ТФТ Моцарт беше подобрата екипа во првото полувреме. Имаа постојана контрола особено над резултатот кој на истекот на 20 минути, беше и во една највисока форма. Ја добија првата четвртина, со (2217), го повторија истото т„црно-беите“ од Тафталиџе и во втората (23:18).
Гостите заминаа во соблекувалната со десет поени разлика (45:35), како потврда дека заборавиле на случувањата од пред некоја вечер, кога загубија скоро „добиен натпревар“ на истото место, секако, и од истиот ривал.
Вертц беше далеку најрасположениот поентер во гостинската екипа – реализираше 16.поени, пријатно изненадување, секако за стручниот тим на ТФТ Моцарт беа и десетте поени кои дојдоа од Зафиров.
На другата страна делумно парираше само Галовеј, евидентно изостана поддршката од Мустафица (само еден поен), а мал беше придонесот и на резервните играчи (само Реџа дополни со пет поени).
А по одморот, се чини дека дојде редот на домаќините да покажат дека имаат предност во оваа серија и дека сакаат да ја искористат. Ја отворија третата четвртина со (10-3), доволно да се доближат на (45:48). Гостите одново влегоа во проблеми во реализацијата. За пет минути имаа само три поени (тројка на Калхун), па тренерот Смилковски мораше да го „сече“ тоа со тајм-аут.
Без некој особен ефект, затоа што чаирчани и дефинитивно се вратија во натпреварот. На радост на чаирчани, конечно, погоди и Мустафица, и тоа тројка за егал скор (50:50), по 26.минути игра во второто четвртфинале.
Но до крајот на тој дел од играта, повторно во „преден план“ беа гостите. Тие направија контра-серија од (11-4), која ја инициираше борбениот Хаутон (со шест поени), за враќање на добар дел од високата позитива која ја имаа на полувремето (61:54). А Верц, со помош на Крстевски, му донесоа и уште повисоки (71:59), за по поентирањето на Луис, ТФТ Моцарт да има и плус 12 (74:62), на 3:21 минута пред крајот.
Верц заврши со 24.реализирани поени. Зафиров имаше уште 16, но за разлика од противникот во составот на „црно-белите“ погодуваа скоро сите кои добија минути на теренот. А дури 31. поен дојде од резервната единица.
Тоа, очигледно, не беше случај на домашната страна, каде Галовеј дојде до 21 поен, но со половичен процент на реализација, слично одигра и Роби, стрелец на 17.поени (6/14 во шутот од поле), додека Далгер даде уште 11, но исто така со десет нерализирани обиди (од 15).
ПРВА ЛИГА-МАЖИ - ПЛЕЈ-ОФ - ЧЕТВРТФИНАЛЕ
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ - ВТОРИ НАТПРЕВАРИ
Чаир 2030 – ТФТ Моцарт 72:83 (1-1)
Работнички – Феникс 2010 100:94 (2-0)
Пелистер - Еуро Никел 2005 90:85 (2-0)
13.АПРИЛ (САБОТА)
18.00: МЗТ Скопје Аеродром – Гостивар (1-0)
Голема сала СЦ „Јане Сандански“ – Скопје
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/nDFrHbQaMgk?si=wxi-M48gNSuRwqWZ
*Сите серии во плеј-офот, се играат според принципот: „подобар од пет натпревари“ и системот „2-2-1“