12.04.2024

Во сабота и недела ќе се одиграат третите натпревари од четвртфиналните серии, МЗТ Скопје ќе брка втор триумф против Гостивар

ПРВА ЛИГА-МАЖИ-ПЛЕЈ-ОФ: ТФТ оди кон целосен пресврт, Работнички и Пелистер во полуфинале?

По одигрувањето на првите два натпревари, извесно е дека во серијата во која разигруваат екипите на ТФТ Моцарт и на Чаир 2030 ќе се одиграат уште најмалку два.

„Црно-белите“ се единствените кои направија „брејк“, односно победија на гостински терен, со тоа обезбедија два натпревари на домашен терен. Првиот е веќе во недела од 12.30 часот, ќе се игра во СРЦ „Кале“, на кој ТФТ Моцарт ќе има шанса да направи комплетен пресврт против подоброрангираниот противник.

Од друга страна, екипите на Работнички и на Пелистер ќе се обидат да ги „затворат“ сериите од четвртфиналето во кои имаат големи (2-0) против Феникс 2010 односно Еуро Никел 2005.

На дуелот закажан во сабота навечер (од 20.30 часот) во СЦ „Јане Сандански“, кошаркарите на Феникс 2010 се во една императивна ситуација, мораат да излезат како победници против фаворитот. Тоа и го покажаа на претходните два натпревари одиграни во текот на изминатите седум дена во кои беа блиску до изненадување.

Во слична стуација е и екипата на Еуро Никел 2005 која на двете гостувања во Битола имаше две различни изданија, па на дуелот предвиден за недела, од 18.часот, и се игра во „Јасмин“ ќе се обидат да обезбедат уште еден, на истото место – во Кавадарци.

Поради обврските, кои успешно ги реализираа во четвртфиналето на плеј-офот во АБА 2 лигата, кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром овој викенд, поточно во сабота, од 18.часот, против Гостивар, ќе го одиграат и вториот натпревар од четвртфиналето на „нашиот“ плеј-оф.

Во сабота навечер, од 18.часот, ќе се одиграат и двата натпревари од второто коло од Плеј-аут лигата. Во Гевгелија, Кожув го дочекува Охрид, додека пак во скопската пресметка, „под Кале, ќе се сретнат екипите на Вардар и Навико Академија ФМП.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ - ПЛЕЈ-ОФ - ЧЕТВРТФИНАЛЕ

ДВОЈКИ - ТРЕТ НАТПРЕВАР

13.АПРИЛ (САБОТА)

20.30: Феникс 2010 – Работнички (0-2)

Голема сала СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/nT-fDX-_r9E?si=u0Wa231emUUiExCT

14.АПРИЛ (НЕДЕЛА)

12.30: ТФТ Моцарт - Чаир 2030 (1-1)

Сала СРЦ „Кале“ - Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/I0gVHuD8d3c?si=sE70ejhh41sXRD22

18.00: Еуро Никел 2005 – Пелистер (0-2)

Сала „Јасмин“ – Кавадарци

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/RUtKwtAuGo0?si=_SoCXB0A_v9OoY1Y

ЗАОСТАНАТ НАТПРЕВАР

13.АПРИЛ (САБОТА)

18.00: МЗТ Скопје Аеродром – Гостивар (1-0)

Голема сала СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/nDFrHbQaMgk?si=wxi-M48gNSuRwqWZ

*Сите серии во плеј-офот, се играат според принципот: „подобар од пет натпревари“ и системот „2-2-1“

ПЛЕЈ-АУТ ЛИГА

ДВОЈКИ 2.КОЛО

13.АПРИЛ (САБОТА)

18.00: Вардар – Навико Академија ФМП

Сала на КК „Вардар“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/30_YoTa9rTw?si=ES1FUKfEhdcOAsU8

18.00: Кожув – Охрид

Сала „26.април“ – Гевгелија

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/NWMkbS0kypo?si=2VlZRU6a_PxCojJ0

ТАБЕЛА: Кожув 29, Навико Академија ФМП 28, Охрид 28, Вардар 26;