Кошаркарите на Работнички ја завршија натпреварувачката сезона 2023/2024 како третопласирани во крајниот поредок, откако и во вториот натпревар од плеј-офот, беа подобри од екипата на ТФТ Моцарт.
ТФТ МОЦАРТ – РАБОТНИЧКИ 68:96 (0-2)
Првиот период од мечот во СРЦ „Кале“ беше и најизедначениот, а на истекот на десет минути, „гостите“ имаа минимална предност (18:17).
Но Работнички се покажа како подобар состав и во наредните две, во кои се стекна со голема предност.
На крајот од третата четвртина, најтрофејниот македонски кошаркарски клуб водеше со (66:51). Само како потврда на подобрата игра во текот на тие 30.минути.
Предноста на Работнички се покажа како сосема доволна за да ја одбранат во оние десет кои беа и последните за двете екипи во оваа сезона.
Ѓуроски реализираше 22.поени, Трајс и Шошкиќ по 13, а Ефремовски имаше уште 12. поени за Работнички, додека кај ТФТ Моцарт, Верц заврши со 14.реализации, Хаутон имаше двоен ефект од 13.поени и 11. скока, Калхун и Ташовски додадоа по 12.поени.