Трета година по ред МЗТ Скопје и Пелистер се натпреваруваат кој ќе ја добие финалната серија на плеј-офот и ќе биде шампион. Во досегашните две одмерувања на силите, „металците“ беа и двапати поуспешни од битолчани.
А и во оваа третата, екипата од Аеродром донесе во Битола големи (2-0) во серијата во која шампион ќе биде онаа која прва ќе дојде до три победи.
А вечерва од 18.30 часот, скопските „сино-бели“ ќе ја имаат и првата меч-топка за 11. шампионска ѕвездичка и продолжувањето на доминацијата во последната деценија на македонската клупска кошарка.
Од друга страна „пелистерци“ се ставени пред еден „ѕид на морање“. Односно имаат императивна форма, дека по ние скопски (0-2), мора да го победат МЗТ Скопје ако сакаат серијата да (по)трае, односно публиката во салата „Боро Чурлевски“ дојде и на четврттиот меч од серијата.
„Зелено-белите“ имаа голема шанса на првиот, нешто „подалеку“ беа на вториот меч од ова финале, одиграни во Скопје. И се чини дека токму тоа искуство на „освојување на трофеи“ и беше пресудно на тие два натпревари во СЦ „Јане Сандански“. И дека токму тој момент ќе мора Пелистер да го надмине и да остане во серијата.
Јасно е дека на оваа средба ќе ја имаат и поддршката на нивните фанови. Но така беше и во финалето на Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“, кога „пелистерци“ паднаа буквално во последниот напад, и не испишаа една нова страница во историјатот на клубот од Битола.
Бранителот на титулата успеа да го одбрани домашниот терен, и да ја искористи предноста од играње на еден натпревар повеќе, доколку биде потребно, последниот од оваа серија, повторно ќе го играат во својата сала. Но не треба да се заборави и моментот кој вели дека последните две титули МЗТ Скопје ги прослави токму во Битола, па оттука се и надевањата на своевиден хет-трик, односно славење на уште една.
Тоа ќе го покажат повие 40.минути кои следуваат вечерва!
ПРВА ЛИГА-МАЖИ-ПЛЕЈ-ОФ–ФИНАЛЕ
ТРЕТ НАТПРЕВАР
25.МАЈ (САБОТА)
18.30: Пелистер – МЗТ Скопје Аеродром (МРТ3)
Судии Феревски-Мијалковски-Јакимовски
Делегат: Николовски/Контролор: Денковски
*МЗТ Скопје Аеродром води со (2-0) во серијата против Пелистер