04.04.2023

Реализирана е против директниот конкурент за опстанокот, Куманово 2009 со резултат (88:72)

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Победа за „лавовите“, и многу поважна од два бода

Добар дел од задачите кошаркарите на Навико Академија ФМП реализираа во првото полувреме во кое се стекнаа со двоцифрено водство кое го задржаа до крајот

НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП – КУМАНОВО 2009   88:72

Се поблиску е опстанокот за кошаркарите на Навико Академија ФМП. Вечервба стигхнаа до уште еден важен триумф избраниците на тренерот Тони Симиќ. По успехот против Струмица 2022 на гостински терен, стигна новиот. Сега на домашен паркет, против уште еден ривал во битката за опстанокот во друштвото на најдобрите – Куманово 2009.

До неа „лавовите“ од Кисела Вода стигнаа со одлични 20. минути. Оние во кои се чини и го скршија отпорот на гостите од Кумамово. По десет минути, домашните кошаркари имаа водство од десет поени (29:19). а веќе на големиот одмор, Навико Академија ФМП замина со уште поголеми (51:32).

Со само двајца расположени играчи во Нападот, Зивчевиќ и Марјановиќ, кумановци и не можеа да сметаат на некој подобар резултат на ова гостување во Скопје.

Па на две кола пред крајот на регуларниот дел, се „симнаа“ на претпоследното место на табелата (4-16), она кое води во понизок ранг на натпреварување.

Сега пред нив е токму Навико Академија ФМП која е на скор (5-15). Екипа во која одлично одработија Мариновиќ, кој освен 19 поени, додаде и осум скока, Смит Мек Свејн кој беше двоцифрен кај поените – 12, но и во рубриката асистенции-14, како и младиот Коскоски, кој заврши со 13. поени и 6.скока.

Освен Марјановиќ, кој запиша 24, Зивчевиќ кој броеше до 16, двоцифрен број на поени во тимот од Куманово имаше и Рајт – десет.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 20. КОЛО

Навико Академија ФМП – Куманово 2009 88:72

МЗТ Скопје Аеродром – Кожув           87:67

Пелистер – Феникс 2010           93:74

Гостивар – Еуро Никел 2005    85:65

Работнички – Чаир 2030            83:67

ТФТ Mozzart – Струмица 2022 92:82

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 38, Пелистер 36, ТФТ Mozzart 34, Гостивар 34, Работнички 32, Феникс 2010 31, Еуро Никел 2005 31, Кожув 28, Навико Академија ФМП 25, Чаир 2030 24, Куманово 2009 24, Струмица 2022 22;

ИДНО КОЛО (08.04)

Чаир 2030 – Навико Академија ФМП

Кожув – Гостивар

Куманово 2009 – Струмица 2022

Пелистер – ТФТ Мozzart

Феникс 2010 – МЗТ Скопје Аеродром

Еуро Никел 2005 - Работнички