Прва победа за кошаркарите на Навико Академија ФМП. Им требаше дури осум натпревари, но вечерва успеаја да го изненадат Кожув, и да му се радуваат на првиот успех
НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП – КОЖУВ 93:83
Домашните кошаркари од самиот почеток ја контролираа играта, но и резултатот. Ниту во еден момент не им дозволија на гостите од Гевгелија да водат, првиот период го затворија со сосема коректни (25:20).
Но тука не застана екипата која ја предводи Владимир Мирковски. Слично, дури и подобро одиграа и во втората четвртина, во која дури и успеаја таа разлика да ја „качат“ и на двоцифрена. Имаа изненадувачки убедливи, (53:40)
Во продолжението како да немаше и вистинска реакција од гевгеличани. Не успеваа да дојдат до своја игра, уште помалку да дојдат до негатива која е достижна.
Напротив, по три одиграни периоди „лавовите“ имаа и плус 15, (78:63).
Имаа двајца млади кошаркари, како Иванов и Петровски (искомбинираа 32.поени, кои со помош на странскиот двоец Огундиран (26.поени)-Нилд (19), беа творци на првиот триумф во новата сезона.
Кај Кожув се издвои Кришнан со 25 поени Караџовски и Хукиќ имаа по 13, па тимот од Гевгелија сега е на само победа повеќе во однос на оној од Кисела Вода.
РАБОТНИЧКИ – ОХРИД 86:56
Кошаркарите на Работнички без многу напор, стигна до лесна, на крајот и повеќе од убедлива победа против прволигашот од Охрод. Го најавија тоа уште во првиот период „црвено-белите“ кои за десет минути направија позитива од 17.поени (21-4), по што стана јасно кој е и како на теренот во СРЦ „Кале“.
Домашната екипа беше убедлива и во вториот период, го доби со (26:14) за веќе недостижни (47:18) на полувремето.
По осум кола, Работнички има пет победи и три порази, тимот од Охрид сега ја дели последната позиција со Навико Академија ФМП (скор 1-7).
Сите играчи кои ги има(ше) на располагање тренерот Горан Самарџиев, се запишаа во листата на стрелците, најмногу 15, даде Ѓуроски, Трајс имаше 13, а Ефремовски 13. поени.
На спротивната страна од игралиштето, Бернард и Столески беа единствените со двоцифрен број поени, првиот даде 19, другиот уште 11.
ВАРДАР – ГОСТИВАР 75:90
Гостиварци „Под Кале“ дојдоа до четвртата победа во осум одиграни мечеви во оваа сезона. Го најавија тоа уште од првата четвртина која ја добија со десет поени „вишок“, (25:15). Но не се задоволија со тоа водство гостите, на полувремето имаа уште поголема позитива (45:27).
Она второто практично се претвори во нешто што се вика рутинерско одработување на задачите. Гостиварци знаеја да ја чуваат високата позитива, и мирно да го привршат ова гостување во кое Митевски реализираше 17. поени, Инграм 15, а Вилијамс уште 14.
Кај Вардар, стандардно добар, Блажо Митков. беше најефикасен, постигна 17 поени.
Еден натпревар ќе се игра во неделниот термин, односно од 20.часот. И тоа во малата сала на СЦ „Јане Сандански“, каде екипата на Феникс 2010 (скор 3-4) ќе го дочека составот на Еуро Никел 2005.
Три дена подоцна, односно во среда навечер, двојна програма.
Кошаркарите на Чаир 2030 ќе пробаат да се вратат во победнички ритам во дуелот со битолски Пелистер , а од 19.30 часот, во СРЦ „Кале“, ТФТ Моцарт ќе го предизвика МЗТ Скопје Аеродром.
ПРВА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 8. КОЛО
Навико Академија ФМП – Кожув 93:83
Работнички – Охрид 86:56
Вардар – Гостивар 75:90
19.НОЕМВРИ (НЕДЕЛА)
20.00: Феникс 2010 – Еуро Никел 2005
Мала сала на СЦ „Јане Сандански“ – Скопје
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/MjLU-Eb_Wts?si=vc1uUNa-vw_aUEYv
22.НОЕМВРИ (СРЕДА)
19.00: Чаир 2030 – Пелистер (МРТ3)
Сала „Шабан Трстена“ – Скопје
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/VLKPVnalshk?si=0w4GX0GN_xjP4WGv
19.30: ТФТ Моцарт – МЗТ Скопје Аеродром
Сала на СРЦ „Кале“ – Скопје
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/cn79yjerJYc?si=zVJR0p0miRQtFc5Y
ТАБЕЛА: Работнички 13, МЗТ Скопје 13 (-1), Еуро Никел 2005 (12 (-1), Пелистер 12 (-1) Чаир 2030 12 (-1), ТФТ Моцарт 12 (-1), Гостивар 12, Вардар 11, Феникс 2010 10 (-1), Кожув 10, Навико Академија ФМП 9, Охрид 9;