13.12.2023

Од 18 часот, Пелистер го дочекува Гостивар, а еден час подоцна, МЗТ Скопје, во Аеродром, го пречекува Кожув...

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Почеток на вториот дел, МЗТ Скопје и Пелистер почнуваат со „подготовките“ за „балонот“ во Широки

Уште едно коло од домашниот шампионат ќе биде поделено на неколку термини. Причините, добро познати, учеството на три наши прволигашки екипи во АБА 2 лигата кои во текот на наредната седмица треба да „одработат“ уште две кола во регионалното натпреварување.

Оттука, за вечерва се закажани два натпревари од 12. коло...

Од 18.часот, во Битола, екипата на Пелистер ќе го нагости составот на Гостивар, во обид да ја продолжи победничката серија, и што поспремни ги дочекаат дуелите на турнирот во Широки.

Еден час подоцна, во Скопје, поточно во Аеродром, бранителот на титулата, екипата на МЗТ Скопје е домаќин на гевгелиски Кожув.   

Еден натпревар ќе се игра во четвртк, и тоа во салата на СРЦ „Кале“. А ќе се сретнат екипите кои го делат теренот во „храмот на кошарката“. Овојпат екипата на ТФТ Моцарт е во улога на домаќин на Работнички, во натпреварот кој стартува од 18.часот, а ќе биде пренесуван и на програмата на МРТ 3.

Другите три натпревари ќе се играат во стандардните, викенд-термини....

На 16. декември (сабота), од 18.часот, во Охрид, дуел на две екипи од долниот дел од табелата, се среќаваат Охрид и Вардар.

Во недела пак уште два натпревари...

Од 18.часот, во кавадаречки „Јасмин“, ќе се сретнат екипите на Еуро Никел 2005, додека пак колото број 12, ќе биде затворено со можеби и најинтересниот меч, ќе се игра во малата сала на СЦ „Јане Сандански“, во кој Феникс 2010 е домаќин на екипата на Чаир 2030.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

ДВОЈКИ 12.КОЛО

13. ДЕКЕМВРИ (СРЕДА)

18.00: Пелистер – Гостивар

Сала „Боро Чурлевски“ – Битола

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/vk0JY1yWN_U?si=4v3Riibo_0rsyRF_

19.00: МЗТ Скопје Аеродром – Кожув

Голема сала на СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/t1JqEJXdeJA?si=cbimN1qJ6Un0h-m3

14. ДЕКЕМВРИ (ЧЕТВРТОК)

18.00: ТФТ Моцарт – Работнички (МРТ3)

Сала на СРЦ „Кале“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/3l1btig5ajM?si=rooKFoLc8rA3dB85

16. ДЕКЕМВРИ (САБОТА)

18.00: Охрид – Вардар

Сала „Билјанини извори“ – Охрид

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/czkMn9iqqIA?si=Wj5RuYU1miB9mWeT

17. ДЕКЕМВРИ (НЕДЕЛА)

18.00: Еуро Никел 2005 – Навико Академија ФМП

Сала „Јасмин“ – Кавадарци

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/6DYlcBjEKSk?si=087HwNPFGuk_fkxJ

20.00: Феникс 2010 – Чаир 2030

Мала сала на СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/PMD2mUNBfNo?si=dBQeHfYjOijdGPvZ

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 21, Еуро Никел 2005 19, Пелистер 19, Работнички 18, Чаир 2030 18, ТФТ Моцарт 18, Феникс 2010 17, Гостивар 15, Кожув 14, Вардар 14, Навико Академија ФМП 13, Охрид 12;