15.04.2022

Од административни причини, Навико Академија ФМП ќе продолжи во Плеј-аут лигата, Феникс 2010 е шестиот суперлигаш...

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Почнува вториот дел, „шесторка“ во трка за плеј-офот, „шесторка“ во битка за опстанокот

ФОТО: Пелистер ќе ја брани првата позиција во Суперлигата, почнува со ТФТ

По 22. одиграни кола во првиот дел од сезоната, од овој викенд, Првата лига-мажи продолжува поделена на два дела.

Првиот е Суперлигата во кој се најдоа пет од шесте најдобри екипи од регуларната фаза. Меѓу нив не е екипата на Навико Академија ФМП, која поради административни причини, не може(ше) да настапува во највисокиот ранг на натпреварување.

Местото на „лавовите“ од Кисела Вода, го презема најпријатното изненадување во лигата – екипата на Феникс 2010, која беше седмопласирана по 22. кола, и со скор (12-10) влегува во следниот круг од натпреварувањето кој треба да ги даде четирите учесници во плеј-офот.

Пол-позицијата ја има екипата на Пелистер, која делуваше најстабилно во најголем дел од првенството, која дури во финалните натревари ги запиша и првите неуспеси (вкупно два).

Зад нив, со една победа помалку (скор 19-3), е актуелниот шампион, МЗТ Скопје Аеродром, и се чини дека овој двоец е во голема мерка многу блиску до тоа да бидат и дел од доигрувањето за титулата.

Пред се затоа што пренесуваат голема залиха на бодови во однос на другите четири екипи со кои ќе разигруваат во наредните десет рунди од Суперлигата.

Во неа, како третопласирана влегува екипата на Еуро Никел 2005 која досега собра 14.победи, има и осум порази, дури пет повеќе во однос на „металците“ а шест зад битолчани.

Гостивар и ТФТ со ефект (13-9) ќе ја бркаат позицијата број 3, а шанси во трката за тие две места има и Феникс 2010 кој го дочекува деби настапот во Суперлигата со пренесени 12. победи и 10. порази.

ФОТО: Екипите на Кожув и МЗТ Скопје Уни Банка ќе бараат опстанок низ Плеј-аут натпреварите

*Некако слична, но во обратна насока „од доле кон горе“ е и распределбата на позициите во Плеј-аут лигата.

Но во „долната половина“ две екипи се „веќе видени“ како нови второлигаши. На кошаркарите на Ангели и на МЗТ Скопје Аеродром е да го „демантираат“ тоа во оние десет натпревари кои ги чекаат во Плеј-аут конкуренцијата.

Ќе им биде мнгу тешко затоа што во трката за опстанок тргнуваат само со две победи во 22. одиграни мечеви.

Ќе треба да го „стигнат“ Куманово 2009, екипа која почнува со учинок (6-16), што е реално тешко изводливо. Два чекори поблиску до останување во Прва лига е Кожув, затоа што екипата од Гевгелија е на ефект (8-14).

За прв пат од играњето на кошарка во самостојна Македонија, најтрофејниот наш кошаркарски колектив, Работнички, ќе игра во оваа конкуренција, но со сигурна стартна позиција која им ја дава скорот (9-13).

Опстанок веќе има обезбедено Навико Академија ФМП, екипа која има недостижни (14-8).  

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

СУПЕРЛИГА - ДВОЈКИ 1. КОЛО

16. АПРИЛ (САБОТА):

18.00: Еуро Никел 2005 – Гостивар

Сала „Јасмин“ – Кавадарци

https://youtu.be/C2d7H-we5xU

18.АПРИЛ (ПОНЕДЕЛНИК):

20.00: Феникс 2010 – Пелистер

Мала сала на СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

https://youtu.be/vXBcrNYQY_c

20. АПРИЛ (СРЕДА):

19.00: ТФТ – МЗТ Скопје Аеродром (МРТ3)

Сала на СРЦ „Кале“ – Скопје

https://youtu.be/4Z0GY95l5j4

ТАБЕЛА: Пелистер (20-2), МЗТ Скопје Аеродром (19-3), Еуро Никел 2005 (14-8), Гостивар (13-9), ТФТ (13-9), Феникс 2010 (12-10)

ПЛЕЈ-АУТ ЛИГА

16. АПРИЛ (САБОТА):

17.00: Ангели – Навико Академија ФМП

Сала „Независна Македонија“ – Скопје

https://youtu.be/RAL3ac6vTWc

17.00: МЗТ Скопје Уни Банка – Работнички

Мала сала на СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

https://youtu.be/btDvI-HgXw4

18.30: Кожув – Куманово 2009

Сала „26.април“ – Гевгелија

https://youtu.be/Q9nhSG89Yus

ТАБЕЛА: Навико Академија ФМП (14-8), Работнички (9-13), Кожув (8-14), Куманово 2009 (6-16), МЗТ Скопје Уни Банка (2-20), Ангели (2-20)