18.01.2023

Во среда навечер (19.30 часот), во СЦ „Јане Сандански“, дуел на шампионот и освојувачот на Купот...

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Почнува вториот круг, со реприза на Суперкупот, ТФТ го предизвикува МЗТ Скопје во Аеродром!

Заврши зимската пауза за нашите прволигашки екипи, оние 12 кои се борат за што подобар пласман. Секако тука исклучок е екипата која ја брани титулата, и има обврски во АБА лигата.

МЗТ Скопје Аеродром немаше одмор, ниту пак ќе има ако се земе в предвид дека веќе во среда навечер, „сино-белите“ се пред уште еден момент во сезоната. Дуелот од 12. коло, закажан за 19.30 часот, во СЦ „Јане Сандански“ во кој го пречекуваат тимот кој во годината која е зад нас им го „зема“ трофејот наменет за најдобриот во Купот на Македонија - ТФТ.

Дербито на првото коло од вториот дел на сезоната во Првата лига, исто така доаѓа некој дена порано, сега и поради обврските кои скопските „црно-бели“ ги имаат во втората Јадранска лига, наречена АБА 2.

Аеродромци (скор 10-1) се на два чекори понапред во однос на првите конкуренти, Пелистер и Гостивар (8-3), и три во однос на вечерашниот ривал (7-4), што е дефинитивно добра „залиха“ во пресрет на вториот дел од сезоната.

За разлика од ТФТ, бранителот на титулата направи доста промени во овој зимски период. Како на тренерскиот, така и во оној играчки дел, во кој, за жал, ќе го немаат на располагање и најновото засилување Кеандре Кук, кој се повреди на средбата од АБА лигата со Партизан во Белград.

Од друга страна, тренерот на ТФТ, Боро Смилковски не може да смета на Трент Батрик, па гостите ќе имаат опција помалку во рекетот.

Ден подоцна, и вториот наш претставник во АБА 2 конкуренцијата, Пелистер, ќе го одигра својот меч од ова 12. коло, исто така интересен, во трката за позицијата број 2, во салата „Боро Чурлевски“ ќе гостува Гостивар.

Интересно ќе биде да се види како ќе се снајде репрезентативец Андреј Маслинко, кој во овој преоден рок го напушти Гостивар и се реши за договор токму со екипата од Битола.

Три натпревари од овој круг ќе се играат во сабота навечер. Два стартуваат од 18.часот, Еуро Никел 2005 ќе ја пречека екипата на Струмица 2022, а Кожув, скопски Навико Академија ФМП.

Еден час подоцна, во Чаир, поточно во салата „Шабан Трстена“, екипата на Чаир 2030 е домаќин на Куманово 2009.

Колото број 12 ќе биде затворено во недела навечер, од 20.часот, во СЦ „Јане Сандански“, каде екипата на Феникс 2010 ќе се обиде да стави крај на серијата на победи (седум) на Работнички.   

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

ДВОЈКИ 12. КОЛО

18.ЈАНУАРИ (СРЕДА)

19.30: МЗТ Скопје Аеродром – ТФТ

Голема сала СЦ „Јане Сандански“ - Скопје

ЛИНК: https://youtu.be/Z417aM8yhlY

19.ЈАНУАРИ (ЧЕТВРТОК):

18.30: Пелистер – Гостивар

Сала „Боро Чурлевски“ - Битола

ЛИНК: https://youtu.be/b4xD-o4TVY8

21.ЈАНУАРИ (САБОТА):

18.00: Кожув – Навико Академија ФМП

Сала „26.април“ - Гевгелија

ЛИНК: https://youtu.be/8UTX86IxZak

18.00: Еуро Никел 2005 – Струмица 2022

Сала „Јасмин“ - Кавадарци

ЛИНК: https://youtu.be/ctglDUPbnJI

19.00: Чаир 2030 – Куманово 2009

Сала „Шабан Трстена“ - Скопје

ЛИНК: https://youtu.be/6YSeUKkoQiQ

22.ЈАНУАРИ (НЕДЕЛА):

20.00: Феникс 2010 – Работнички (МРТ3)

СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

ЛИНК: https://youtu.be/cFOvlNGQJAY