28.11.2022

Лесен и убедлив триумф над Навико Академија ФМП (109:66)

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Поинаку е дома, ТФТ почна да дели „стотки“

По враќањето од Сараево, кошаркарите на ТФТ им се вратија на домашните обврски. Гостуваа во Кисела Вода, каде ги чекаше, евидентно мотивираниот тим на Навико Академија ФМП

 

НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП – ТФТ       66:109

Малку поинаку е кога се игра со оние „домашни обврски“ за кошаркарите на ТФТ, секако во однос на оние во АБА 2 лигата. „Црно-белите“ секако, не се дебитанти во нашата Прва лига, а по враќањето од Сараево, покажаа дека играат многу полесно „дома“.

Играа на гости, навистина и не така далеку од Тафталице, во Кисела Вода. И немаа избраниците на Боро Смилковски никакви проблеми да го добијат дуелот со Навико Академија ФМП.

Ако „лавовите“ делуваа како екипа која може да парира едно полувреме, во она второто ТФТ го покажа сиот свој напаѓачки репертоар.

Реализираа „црно-белите“ дури 62. поени, вкупно 109, за убедлив, реално, и очекуван триумф. За нив четвртти во седум кола, и место во горниот дел од табелата.

Дури шест играчи на ТФТ имаа двоцифрен поентерски учинок. Најмногу, 18, даде репрезентативецот Николов, два помалку од него имаше Батрик, а по 14 реализираше американскиот бековски двоец Бишоп-Мекбраер.

Во домашната екипа која останува на само еден успех, Пајиќ уфрли 16, а Настовски уште десет поени.

 

 

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 7. КОЛО

Навико Академија ФМП – ТФТ 66:109

Кожув – Феникс 2010     97:89

Струмица 2022 – Работнички  84:92

Куманово 2009 – Гостивар        82:70

29.НОЕМВРИ (ВТОРНИК):

18.00: МЗТ Скопје Аеродром – Чаир 2030

Спортски центар „Јане Сандански“ – Скопје

ЛИНК: https://youtu.be/3xEOn96Kw0I

1.ДЕКЕМВРИ (ЧЕТВРТОК):

18.00: Еуро Никел 2005 – Пелистер

Сала „Јасмин“ – Кавадарци

ЛИНК: https://youtu.be/-HgaNacxzdk