Да не беше последниот период, во кој играа резервистите, триумфот на првакот ќе беше многу поубедлив...
МЗТ Скопје Аеродром - Навико Академија ФМП 77:58
Планирана победа на бранителот на титулата по напорите кои со себе ги донесе гостувањето во Љубљана како дел од обврските во АБА лигата.
Во овој момент, Навико Академија ФМП не е рамноправен ривал за МЗТ Скопје Аеродорм.
Го потврдија и случувањата на теренот во СЦ „Јане Сандански“ во последниот меч од 4. првенствено коло.
„Мелтаците делуваа согурно особено во одбраната, која во првите 20.минути му допушти на противникот реализација на само 24.поени. На другата страна, „сино-белите“ имаа 41, за веќе убедливи (41:25).
Потврдата, онаа дефинитивната за конечниот победник, ако воопшто и имаше дилеми, стигна во третиот период во кој МЗТ Скопје Аеродорм парцијално направи (24:10), за големи, недостижни (65:34).
Во оној последниот, играчите со мал број на минути во нозете дозволија противникот да ја сведе на далеку поподнослива. Дури и да го добие тој квартал со двојно поголеми (24:12).
Тренерот Александар Петровиќ реши да ги одмори стартерите како Мичовиќ и Кефи, а Војдан Стојановски пак воопшто не беше ни во записникот на овој натпревар по кој „аеродромци“ се на скор (3-1) и на чекор до лидерот Гостивар кој е без пораз.
ПРВА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ 4. КОЛО
МЗТ Скопје Аеродром - Навико Академија ФМП 77:58
Кожув – Чаир 2030 99:83
Пелистер – Струмица 2022 114:101
Феникс 2010 – Куманово 2009 89:66
ТФТ – Еуро Никел 2005 87:70
Гостивар – Работнички 87:76
TАБЕЛА: Гостивар 8, МЗТ Скопје Аеродром 7, Феникс 2010 7, Еуро Никел 2005 6, ТФТ 6, Чаир 2030 6, Кожув 6, Kуманово 2009 5, Струмица 2022 5, Навико Академија ФМП 5, Работнички 4;
ИДНО КОЛО (05.11)
Куманово 2009 – Пелистер
Навико Академија ФМП – Гостивар
Струмица 2022 – МЗТ Скопје Аеродром
Чаир 2030 – Феникс 2010
Еуро Никел 2005 – Кожув
Работнички - ТФТ