11.03.2023

Во првиот дел од играта кавадарчани направија недостижен плус од 24 поени, за победа од (78:69) и скок на табелата пред Феникс 2010

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Полувреме за паметење на кавадарчани

Во првиот дел од играта кавадарчани направија недостижна предност од дури 24 поени, која се покаѓа како недостижна за „фениксовци“...

ЕУРО НИКЕЛ 2005 – ФЕНИКС 2010     78:69

Извесно, најдоброто полувреме во оваа сезона го одиграа кошаркарите на Еуро Никел 2005. Против една од екипите кои дефитинивно, важат како доста успешни, одиграа две исклучително квалитетни четвртини.

До крајот на полувремето на противникот му испорачаа дури 54 поени. А да биде се комплетно во двете насоки, примија само 30.

Се заедно, за повеќе од убедливи (54:30) за екипата која од клупата ја предводи Горан Самарџиев.

Она второто, почна со нешто подобра игра на гостинската екипа, која делуваше со желба да се врати назад во натпреварот. Но кавадарчани имаа сериозна предност, која и покрај понискиот процент на ефикасност во третиот период, знаеја како да ја (со)чуваат.

Сепак, Феникс 2010 некако успеа да надополни осум поени. Резултатот на семафорот во „Јасмин“ по 28 минути играње беше (61:45). А по три одиграни четвртини, беше слично, Еуро Никел 2005 имаше висока предност (63:48).

До минус од десет поени гостите од Скопје стигнаа помалку и предоцна. На три и пол минути пред крајот, кога по поените на младиот Хот, намалија на (62:72). Но тоа беше се што сторија на ова гостување и овој натпревар кој ќе се памети по одличното полувреме на кавадарачани.

И што е уште поважно за нив, по оваа победа која ги става чекор понапред во однос на вечерашниот ривал. Триумф во кој одлично одработи комплетната стартна петорка, во која со исклучок на Младеновиќ, другите беа со десет или повеќе реализации. Гавриловиќ и Балмазовиќ имаа по 16. Планиниќ 14, а капитенот Соколов 11.поени, дополнети со девет асистенции и пет скока.

Кај Феникс 2001, кој во меѓувреме се прости со уште еден странец, односно остана без Фалден, Петков даде 18 поени, Хот имаше 15, а Јанески уште десет поени.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 17. КОЛО

Еуро Никел 2005 – Феникс 2010         78:69

Навико Академија ФМП – Работнички        77:90

Струмица 2022 – Гостивар        72:79

14. МАРТ (ВТОРНИК):

18.00: Кожув – ТФТ Мozzart

Сала „26.април“ – Гевгелија

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/rj6YgfXUJN8?feature=share

19.00: Куманово 2009 – МЗТ Скопје Аеродром

Сала „Перо Наков“ - Куманово

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/T8K1SO88QTE?feature=share

15. МАРТ (СРЕДА):

18.00: Чаир 2030 - Пелистер

Сала „Шабан Трстена“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/8Oh0GzE19Lw?feature=share

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 30 (-1), Пелистер 29 (-1), Еуро Никел 2005 28, Гостивар 28, ТФТ Mozzart 27 (-1), Феникс 2010 27, Работнички 26, Кожув 22 (-1), Куманово 2009 20 (-1), Чаир 2030 19 (-1), Навико Академија ФМП 20, Струмица 2022 19;