08.04.2023

Слават гевгеличани со одличен финиш, во последните три минути, направија пресврт за конечен триумф (94:87)

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Преку „пенал-завршница“ Кожув го запре Гостивар

Во првиот натпревар од 21. коло, во Гевгелија, кошаркарите на Кожув направија голем пресврт во последните три минути, и негативата од пет поени, ја претворија во победа над третопласираниот Гостивар.

КОЖУВ – ГОСТИВАР      94:87

Домашната екипа беше подобар ривал во првиот период. Гевгеличани успеаја да направат предност, која на истекот на десеттата минута беше четири поени (22:18).

Во наредните две, доминација на Гостивар. „Сино-белите“ имаа, се чини повеќе расположени кошаркари, изненадување за одбраната на Кожув, беше Жигон, кој стигна и до епитетот на најефикасен во тој период од играта во кој гостите се стекнаа со сосема солидно водство.

До полувремето го свртеа резултатот во своја корист (46:43).

А беа подобри и во продолжението од играта. Во третата четвртина, предводени од „трилингот“ Корсантиа-Вучковиќ-Жигон, избраниците на тренерот Љупчо Малинков се изборија за уште повисоки (65:52) како што стоеше на семафофот во 28. минута од играта.

Во последните две од тој дел од играта, гевгеличани направија мини-серија од (8-3),за да ја направат негативата достижна (60:68).

Кога во поентерски елемент конечно влезе и Мајрон Гордон, се „симнаа“ домаќините и на уште пониски (68:73), потоа и на (70:75), во средината на последниот дел од мечот во салата „26.април“.

Но Вучковиќ имаше одговор и за тој напад на домашната екипа. По неговиот 21. поен, Гостивар имаше (81:75), на четири минути до крајот. Тројката на Ефремовски ги држеше гостите во игра за победа (84:79).

Но во последните три минути, Кожув одигра маестрално...

Ризвиќ ја почна, а Гордон, со седум поени по ред, ја отворија серијата која донесе пресврт, водство за Кожув, (88:85). За момент уште еднаш се закани Жигон, кој постави (88:87). Искусниот Штерјов беше „мирен“ од линијата за слободни фрлања (90:87).

Гордон, одново од линијата за слободни фрлања, ја исполни, поточно ја надмина, својата кошгетерска квота (изброја до 38.поени) и ја затвори серијата која се покажа како победничка за тимот од Гевгелија. кој на коло пред крајот има ефект (9-12), и осмо место на табелата.

За Гостивар ова е седми пораз во 21. одигран натпревар, кој ги остава на третата позиција која ја делат со екипата на ТФТ Mozzart, која од 20.30 часот гостува кај Пелистер во Битола. 

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 21.КОЛО

Кожув – Гостивар 94:87

20.30: Пелистер – ТФТ Мozzart

Сала „Боро Чурлевски“ – Битола

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/gFeLAgVjARw?feature=share

9.АПРИЛ (НЕДЕЛА):

18.00: Еуро Никел 2005 – Работнички (МРТ 3)

Сала „Јасмин“ - Кавадарци

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/KDthMiC86J4?feature=share

18.00: Куманово 2009 – Струмица 2022

Сала „Перо Наков“ – Куманово

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/vBVh4ouCy2c?feature=share

21.00: Чаир 2030 – Навико Академија ФМП

Сала „Шабан Трстена“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/tZffEKo4wh8?feature=share

10.АПРИЛ (ПОНЕДЕЛНИК):

18.00: Феникс 2010 – МЗТ Скопје Аеродром

Голема сала на СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/ry_Z19mJUEk?feature=share