04.12.2022

Навико Академија ФМП го скрши отпорот на струмичани во последната четвртина, за крајни (89:80)

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Промените во ростерот донесоа победа за Навико Академија ФМП

На единствениот натпревар од неделната програма од 8. првенствено коло, екипата на Навико Академија ФМП имаше подобро второ полувреме, во кое ја надокнади негативата од првото, за втора победа во сезоната

НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП – СТРУМИЦА 2022     89:80

Многу повеќе причини за задоволство по првото полувреме имаа домашните кошаркари. Најмногу поради тоа што по 20.минути од играта заостануваа само три поени (38:41).

Особено ако се земе в предвид дека по изедначената прва четвртина која заврши со резултат (19:19), во онаа втора, гостите од Струмица ја диктираа играта, имаа контрола над резултатот.

Прво, со серија од (10-2), струмичани поведоа со (29:21). Потоа имаа и (36:28), кога се играше 17.минута. Па (39:31), а во следниот напад и највисоки (41:32).

Но со шест поени по ред, Навико Академија ФМП се доближи на само три поени негатива (38:41).

Она што го бараа низ текот на првото полувреме, домаќините го најдоа во средината на третиот период, изедначија на (51:51). 

Не помогна многу тајм-аутот на тренерот на гостинската екипа.

Навико Академија ФМП продолжи ефикасно, и многу брзо, стигна и до водство од (62:58). Одлично во нападот функционираше двоецот Костоски-Смит Меквејн, кои искомбинираа 32.поени, за на крајот на третата четвртина домаќините водат со (64:62).

Тоа беше вовед во победата за „лавовите“, кои продолжија да ги притискаат струмичани и полека да го кршат отпорот.

При резултат (84:80), во последната минута, клучните поени ги реализираше Габриел Коскоски, најдобриот поединец во домашната екипа. Стрелец на 31.поен, и заедно со новакот Смит Меквејн, кој даде 23, и Џонс кој дополни со десет, творци на вториот успех за Навико Академија ФМП во оваа сезона.

Струмица 2022, екипа за која Крстајиќ уфрли 21.поен, Мамузиќ и Асрат по 13, а Стаменковиќ и Волканоски по 11.поени, останува на последната позиција, со ефект (1-7).

Утре вечер, од 18.30 часот, во Битола, Пелистер е домаќин на Кожув, а ова осмо коло ќе биде затворено во  вторник, со дуелот МЗТ Скопје Аеродром-Еуро Никел 2005 кој стартува од 18.часот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 8. КОЛО

Навико Академија ФМП – Струмица 2022  89:80

Гостивар – Чаир 2030     86:68

ТФТ – Феникс 2010          74:79

Работнички – Куманово 2009  119:83

5. ДЕКЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК):

18.30: Пелистер – Кожув

Сала „Боро Чурлевски“ - Битола

ЛИНК: https://youtu.be/MdR7-H0tF_M

6. ДЕКЕМВРИ (ВТОРНИК):

18.00: МЗТ Скопје Аеродром – Еуро Никел 2005

Голема сала на СЦ „Јане Сандански“ - Скопје

ЛИНК: https://youtu.be/82Z5tI3K6gA