10.12.2022

Лесно и убедливо, пред се, делуваше екипата од Тафталиџе на гостински терен во Струмица (111:84)

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Проработи колективот на ТФТ

„Црно-белите“ одиграа доста ефикасно на гостувањето во струмички „Парк“, и доволно да стигнат до планираниот успех против повратникот во друштвото на најдобрите...

СТРУМИЦА 2022 – ТФТ   84:111

Го најавија то уште во воведните миути од играта. Уште на почетокот ТФТ се стекна со висока предност, која на крајот на десеттата, веќе беше двоцифрена (29:17).

Не попуштија избраниците на тренерот Боро Смилковски и до големиот одмор, таа разлика само ја зголемија, Во соблекувалните заминаа со 55 дадени, и 38 примени кошеви.

За многу порелкасиран пристап во играта во продолжението од средбата во Струмица. Извонредно добро ги распределија своите поени гостинските кошаркари. До крајот на средбата комплетната прва петорка имаше десет и повеќе поени. А за комплетно одлична слика се погрижија и условно кажано, резервистите како Ташовски и Мекбраер.

Кога е така, тешко се победува ТФТ, па струмичани мораа да им признаат дека во овој момент имаат поквалитетен и поискусен ростер.

И доста помала количина на квалитет кој во оваа прилика го презентираа, макар и низ поентирањето, Мамузиќ со 22.реализации, Волканоски со 19, и Асрат кој додаде уште 12. Недоволно за втор успех во девет одиграни кола.

ТФТ е веќе на 50% на успех (скор 5-4), и „оди“ кон горните позиции на табелата.

Вечерва се игра уште еден натпревар од 9. првенствено коло, Куманово 2009 - Навико Академија ФМП.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 9. КОЛО

Струмица 2022 – ТФТ      84:111

Куманово 2009 - Навико Академија ФМП  (во тек)

11.ДЕКЕМВРИ (НЕДЕЛА)

18.00: Еуро Никел 2005 - Гостивар

Сала „Јасмин“ - Кавадарци

ЛИНК: https://youtu.be/tELYH9p2s7I

19.30: Чаир 2030 - Работнички

Сала „Шабан Трстена“ – Скопје

ЛИНК: https://youtu.be/VQvNXIxKI6o

20.00: Феникс 2010 - Пелистер

Голема сала СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

ЛИНК: https://youtu.be/1v_QeUIwAjI

12. ДЕКЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК):

18.00: Кожув - МЗТ Скопје Аеродром

Сала „26.април“- Гевгелија

ЛИНК: https://youtu.be/R9mloyoMYd8