07.10.2023

Тимот од Тафталиџе стигна до првиот прволигашки триумф во новата сезона откако беше подобар од Чаир 2030 со резултат (77:66)

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Прва победа за ТФТ

Во вториот натпревар од второто коло, во СЦ „Кале“ во Скопје, во локалното дерби, кошаркарите на ТФТ беа подобар ривал од екипата на Чаир 2030, и се радуваа на првиот успех во новата прволигашка сезона.

ТФТ МОЦАРТ – ЧАИР 2030  77:66

Во првото полувреме, двете екипи практично си поделија по една четвртина. Домаќините ја добија првата, и тоа со сосема солидни (24:15), гостите пак успеаја да анулираат добар дел од негативата во втората.

На полувремето водеше ТФТ, но со нешто пониски (38:34).

Би се рекло и сосема задоволително за чаирчани, особено ако се земе в предвид дека по првиот напад во вториот период, и поентирањето на Зафиров, „црно-белите“ имаа и највисоки (26:15),

Во продолжението, немаше некои сериозни резултатски „отскокнувања“. Ниту еден од двата локални ривали не успеа да обезбеди предност налик на онаа која ја имаа домаќините на почетокот на втората четвртина.

Но она што беше за нив важно е што не му дадоа на противникот да направи и резултатски пресврт. Сепак, на истекот на тој дел од играта, Чаир 2030 беше во уште помало заостанување, од три поени (55:58).

Симонс и Морган беа најдобрите реализатори во тие 30.минути. Искомбинираа 34 од тие 58.поени. На другата страна пак во таа, поентерска улога, беа Мофит и Крстајиќ (заедно 30.поени).

Ништо не се промени и во оние десет минути кои обично важат како одлучувачки. ТФТ успеа да ја одбрани тешко стекнатата предност, и на крајот да победи, дури и двоцифрено.

Симонс го заокружи одличниот настап со реализација на 22.поени, Морган остана на 12. Но во вториот дел од играта „двоцифрени“ станаа и Луис, кој постигна 19.поени, и Ташовски кој имаше уште десет.

Кај Чаир 2030, Мофит броеше до 22, Крстајиќ го следеше со 13, додека дабл-дабл оствари Корбет, кој на 12.поени придодаде и 11.скока.

Инаку, саботната програма предвидува уште два натпревари. Од 18.часот, Охрид е домаќин на Академија ФМП, а ќе биде затворена со извесно, дерби дуелот на вториот круг. Од 20.30 часот, во Битола, Пелистер го дочекува Работнички.

Во недела во салата „Јасмин“ во Кавадарци, ќе играат Еуро Никел 2005 и Кожув (18. часот), а колото ќе го заокружи дуелот Феникс 2010 – Вардар, кој се игра во понеделник, од 18. часот во големата сала на СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 2. КОЛО

7.ОКТОМВРИ (САБОТА)

ТФТ Моцарт – Чаир 2030   77:66

18.00: Охрид – Академија ФМП

Сала „Билјанини извори“ – Охрид

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/ZoMq6NE-Y2k?si=MdY6uvq7T77OHkme

20.30: Пелистер – Работнички

Сала „Боро Чурлевски“ – Битола

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/sLgYDxlZBLY?si=T0iWdLr24-zq9ox9

8.ОКТОМВРИ (НЕДЕЛА)

18.00: Еуро Никел 2005 – Кожув

Сала „Јасмин“ – Кавадарци

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/zFcMhlNAszM?si=HFi6Tq0tbhVGuAAE

9.ОКТОМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК)

18.00: Феникс 2010 – Вардар

Голема сала СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/hPwkzIi8YyE?si=2zwQ2F3A-rA_YdUr

ПРЕТХОДНО ОДГРАНИ НАТПРЕВАРИ

МЗТ Скопје Аеродром – Гостивар      85:59