Одлично прво полувреме имаа гостите од Чаир... Тоа избраниците на тренерот Eрхан Рамадан го претворија во прв, за нив историски триумф како дел од Првата лига-мажи.
КУМАНОВО 2009 – ЧАИР 203 79:87
Сосема израмнета прва четвртина од премиерниот дуел во Куманово. Двете екипи си поделија по 23.поени.
Но, добрата, и ефикасна игра, гостите од Скопје ја продолжија и во вториот период од гостувањето во Куманово. А во 16.минута, по поентирањето на Александровски, Чаир 2030 изгради и највисоки (40:28).
Сепак, во последните четири минути од првото полувреме, кумановци „симнаа“ добар дел од двоцифрената негатива. На полувреме имаа прифатлив минус од шест поени (38:44).
Одлично полувреме имаше Дарил Стротер кој реализираше 15.поени за гостинската екипа, во која Јусуф даде осум, а Александровски уште шест поени.
Во домашната, Јузбашиќ прв стигна до двоцифрен број на поени – даде десет.
Во продолжението, кумановци стигнаа до израмнување, по двете врзани тројки беше (44:44). Но жилавите гостински кошаркари го одбија тој напад. Брзо се одвоија на (59:52), а некоја минута подоцна, одново имаа двоцифрен плус. Сега од (65:54), во 27.минута, за до крајот на третиот период Куманово 2009 одново да ја направи негативата едноцифрена, (62:69).
Но тоа беше се од нив на премиерниот меч во новата сезона во кој Чаир 2030 иако влезе во проблеми со личните грешки, пред се поради кратката ротација, издржа, и успеа екипата од Чаир да дојде до особено важен триумф. За нив прв како прволигаши, кој, извесно, долго ќе го паметат.
Од 17.часот се игра и последниот натпревар од уводното коло на новиот шампионат. Во СРЦ „Кале“, Работнички го пречекува Феникс 2010.
ПРВА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 1. КОЛО
Куманово 2009 – Чаир 2030 79:87
Навико Академија ФМП – Кожув 79:75
Гостивар – Пелистер 75:63
Струмица – Еуро Никел 2005 84:95
ТФТ – МЗТ Скопје Аеродром 60:74
9. ОКТОМВРИ (НЕДЕЛА)
17.00: Работнички – Феникс 2010
Сала СРЦ „Кале“ – Скопје
https://youtu.be/Yj03rAqYrpU