Вечерва се одигра уште еден натпревар од премиерното коло во 32.издание на Првата лига.
Во салата „Шабан Трстена“ во Скопје, кошаркарите на Чаир 2030 го дочекаа составот на Феникс 2010. И стигнаа до првиот успех во новиот шампионат...
ЧАИР 2030 – ФЕНИКС 2010 93:72
Чаирчани рано се стекнаа со солидно водство, кое во финишопт на првата четвртина беше девет поени (24:15), потоа и (26:17), пред со игра „два плус еден“ Стивенс не постави (26:20) на семафорот.
На почетокот на вториот период, гостите успеаја да фатат резултатски приклучок, односно да се доближат на негатива од само два поени (31:33). Преку искусниот Трајковски, кој веќе нанижа десет поени, дури и преминаа во водство.
Феникс 2010 поведе со (35:33), парцијално во нецели седум минути направија (15-8), но новакот на тимот од Чаир, Мофит, делуваше незапирливо, по неговиот 17.поен, бевме сведоци на резултатски егал (35:35). Но до крајот на првиот дел. Аирпани сепак го правтија она водство кое го имаа по десет минути.
На одмор, избраниците на тренерот Ерхан Рамадан заминаа со плус 6 (48:42).
Но се чини дека тоа беше само вовед во она што следуваше по паузата од 15.минути.
Фуризоно делуваа домашните кошаркари во онаа трета четвртина во која реализираа 23, примија само девет поени, и симнаа голем дел од дилемите околу тоа кој ќе биде победникот.
По 30.минути од играта, Чаир 2030 имаше и повеќе од убедливи (71:51).
Но имаше да се игрaат уште десет минути,.а во нив се чини дека Феникс 2010 тргна многу порешително кон противничкиот кош. За кратко време гостите анулираа добар дел од високата негативаа. За нецели пет минути „се симнаа“ на едноцифрено заостанување (67:76), благодарение на расположениот „трилинг“, Трајковски-Томас-Рис, кои реализираа 42.комбинирани поени.
Но Мустафица, и дефинитивно најдобриот поединец на овој меч, Мофит (со неговиот 32.поен), ја прекинаа таа серија на гостите, го вратија Чаир 2030 во многу „посигурни води“, (81:67) и го трасираа патот кон премиерната победа во првенството во која свој „печат“, освен Мофит, оставија и Корвет со двоен ефект од 16.поени и исто толкав број на скокови, Нацевски со 13. поени, потоа Александровски кој освен 12.поени додаде и шест асистенции, додека Мустафица изброја до 11 поени, плус и седум скока.
Томас беше прв стрелец кај Феникс 2010 со 17.поени, 15 за гостинскиот тим дојдоа од Трајковски, а еден помалку уфрли Рис.
ПРВА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 1. КОЛО
Работнички – ТФТ 73:56
Чаир 2030 – Феникс 2010 93:72
30. СЕПТЕМВРИ (САБОТА)
18.00: Вардар - Охрид
Сала на КК „Вардар“ – Скопје
18.00: Кожув – МЗТ Скопје Аеродром
Сала „26.април“ - Гевгелија
1. ОКТОМВРИ (НЕДЕЛА)
18.00: Гостивар – Пелистер
Сала „Младост“ - Гостивар
18.00: Академија ФМП – Еуро Никел 2005
Сала „Независна Македонија“ – Скопје