Колото број 4 во Првата лига носи со себе неколку интересни натпревари кои ќе се играат во наредните три дена, последниот во понеделник навечер (18.часот), во СЦ „Јане Сандански“, каде актуелниот бранител на шампионската титула, МЗТ Скопје Аеродром (2-1) ќе го пречека локалниот ривал Навико Академија ФМП (1-2).
Ова поради обврските кои во сабота навечер во Љубљана ги имаат „металците“ во рамките на АБА лигата, каде од 18.часот, ги чека натпреварот против екипата на Цедевита Олимпија.
Претходно, овој круг од натпреварите ќе стартува во сабота, и тоа со двојна програма во СРЦ „Кале“.
Прво, од 12.30 часот, екипата на Феникс 2010 (2-1) ќе биде во улога на домаќин против Куманово 2009 (1-2). Додека пак во оној вечерен термин ќе продолжи, со дуелот во кој екипата на ТФТ го дочекува кавадаречки Еуро Никел 2005.
„Црно-белите“ во обид да го „поправат впечатокот“ прикажан во изминатиот уводен дел од сезоната. Исполнет со доста промени во играчкиот ростер на ТФТ, кои делумно и условија бранителот на Куп-трофејот да има старт под некои очекувања.
Веројатно најитересниот натпревар е оној кој стартува еден час подоцна, (19.00) во салата „Младост“ во Гостивар. Дуел на екипата која има максимален ефект, три победи во исто толку натпревари – Гостивар (3-0), и екипата која има три порази во три кола – Работнички (0-3).
По истекот на 40.минути, една од нив ќе ја задржи „нулата“ во својот билансен скор.
Која од нив, останува да видиме...
Неделната програма со себе носи два натпревари. Првиот е во Гевгелија оној другиот во Битола.
Од 18.часот, во салата „26.април“, кошаркарите на Кожув (1-2) со домаќини на новакот во прволигашката конкуренција – Чаир 2030 (2-1), и го дочекуваат со мали промени во играчкиот (странски) дел, кои треба да донесат нов успеси.
Од друга страна чаирчани засега се над сите очекувања, зад себе веќе имаат две победи, што само го зголемува дополнително нивото на самодоверба пред второто сезонско гостување по она во Куманово, каде момците на тренерот Ерхан Рамадан изненадија крајно позитивно.
Во Битола пак, Пелистер (2-1) ќе се обидат да ја оддржи победничката серија во која влезе со оние добри игри и успеси на „балонот“ на АБА 2 лигата на Златибор, потврдена со успех на гостувањето кај Навико Академија ФМП пред некој ден.
Кошаркарите на Струмица (1-2) стигнаа до првиот успех како повратници во друштвото на најдобрите откако со пресврт го победија Феникс 2010, што е мотив повеќе за уште подобра игра на гостувањето во салата „Боро Чурлевски“.
ПРВА ЛИГА-МАЖИ
ДВОЈКИ 4. КОЛО
29. ОКТОМВРИ (САБОТА):
12.30: Феникс 2010 – Куманово 2009
Сала на СРЦ „Кале“ – Скопје
ЛИНК: https://youtu.be/sA0H5jgdP4U
18.00: ТФТ – Еуро Никел 2005
Сала во СРЦ „Кале“ – Скопје
ЛИНК: https://youtu.be/BH6jATeP8ko
19.00: Гостивар – Работнички
Сала „Младост“ – Гостивар
ЛИНК: https://youtu.be/oMmPMZm3WgY
30.ОКТОМВРИ (НЕДЕЛА):
18.00: Кожув – Чаир 2030
Сала „26.април“ – Гевгелија
ЛИНК: https://youtu.be/iEvZqSqkhhM
18.30: Пелистер – Струмица 2022
Сала „Боро Чурлевски“ – Битола
ЛИНК: https://youtu.be/9G3hJLc_iig
31.ОКТОМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК):
18.00: МЗТ Скопје Аеродром - Навико Академија ФМП
СЦ „Јане Сандански“ - Скопје
ЛИНК: https://youtu.be/KrIQAexs_e8