19.11.2022

Се беше јасно по првото полувреме, а на крајот повеќе од убедливи (120:84) против Навико Академија ФМП

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Работнички фаќа залет, лесно се справи со „лавовите“ од Кисела Вода

Полека, но сигурно, Работнички се „качува“ на првенствената табела. Со упте едно ново име во составот, Никола Малешевиќ, и против Навико Академија ФМП, „црвено-белите“ испратија уште една најава, дека секогаш мора да се смета на Работнички. 

РАБОТНИЧКИ – НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП           120:84

Многи работи беа јасни уште по десет минути од играта. Оние во кои домашата екипа предводена од расположениот, за поентирање, Форте, брзо се стекна со двоцифрена предност.

На истекот на првиот период, таа беше веќе голема, (30:14).

И тоа го одреди понатамошниот тек од дуелот во СРЦ „Кале“. На теренот цели 15.минути како да постоеше само една екипа, онаа во бело-црвена комбинација.

Гостите од Кисела Вода почнаа „да играат“ дури во средишниот дел од втората четвртина, кога почнаа почесто да го погодуваат противничкиот кош. Секако, во периодите од играта во кои веќе беа во големо заостанување.  

Но и во една таква корелација на настаните на теренот, Работнички за нецели 18.минути стигна до 60 реализации, за највисоки (60:35).

Дел од мечот во кој Форте веќе комплетираше 20.поени (и девет скока,пет асистенции), а новакот во нивните редови, Малешевиќ уште 13.

Отпор во тој прв дел од средбата кај гостите даваа Настовски и Коскоски (имаа по 11 поени).

Но разликата остана иста (64:39)...

Второто полувреме очекувано, беше обична формалност, но и можност за тренерите на двете екипи да ги испробаат сите располошиви сили. јасно беше кој е победникот и по 20.минути. А Форте со неверојатни бројки, даде 36.поени, имаше и 14.скока, за само нешто повеќе од 23.минути на теренот. На дебито во дресот на Работнички, Малешевиќ застана на бројката од 26.реализации. Тодоровски даде 13, капитенот Марковски 11, а Пол Џексон уште 10 за Работнички во вториот успех во сезоната.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 6. КОЛО

Феникс 2010 – Еуро Никел 2005         78:83

Работнички – Навико Академија ФМП        120:84

19.00: Гостивар – Струмица 2022     

ПРЕТХОДНО ОДИГРАНИ НАТПРЕВАРИ: 

ТФТ – Кожув           103:80

Пелистер – Чаир 2030    91:70

22.НОЕМВРИ (ВТОРНИК):

18.00: МЗТ Скопје Аеродром -  Куманово 2009

Голема сала на СЦ „Јане Сандански“ - Скопје

ЛИНК: https://youtu.be/AJi8sxkun28

ТАБЕЛА: Пелистер 11, Феникс 2010 10, Еуро Никел 2005 10, Гостивар 10 (-1), МЗТ Скопје Аеродром 9 (-1), ТФТ 9, Кожув 8, Чаир 2030 8, Работнички 8, Навико Академија 7, Струмица 6 (-1), Куманово 2009 6 (-1);