09.03.2024

Работнички убедлив во второто полувреме на гостувањето во Охрид (111:96), „новиот“ Кожув многу подобар од Навико Академија ФМП (88:60)

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Работнички има намера да остане прв, полесно се дише во Гевгелија

Во Гевгелија, сигурна игра и победа за кошаркарите на Кожув. Навико Академија ФМП се бранеше во првото полувреме, но остана без одговор за играта на гевгеличани во второто...

КОЖУВ - НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП 88:60

Сосема добро прво полувреме одиграа гевгелишани во оваа средба против екипата од Кисела Вода. Беа подобри во двете четвртини од својот ривал во трката за опстанок во друштвото на најдобрите екипи во првата лига.

Го имаа расположениот двоец Вујадиновиќ-Марковиќ кои искомбинираа 22 поени во тие 20.минути, добија поддршка од Милер и Пен (заедно уште 15.поени), доволно за солидна предност пред почетокот на второто.
на другата страна поентерски одговор имаше од младите Иванов и Петровски (заедно 22.поени).

Во продолжението на играта, домашната екипа беше уште подобар ривал. Релативно лесно се одвоија на висока предност. Во третиот дел, со цврста игра во одбраната, дојдоа до позитива и од 15.поени (65:49).

Серијата од (9-3) на почетокот на последниот дел ги симна сите дилем околу тоа кој ќе биде победник на средбата во салата „26.април“.

За кратко време, Кожув реализира уште една победа, за скор (5-14), со која многу „полесно се дише“ во Гевгелија во пресрет на последните три рунди од првиот дел од првенството.

Марковиќ финишираше со 20.поени за Кожув, Вујадиновиќ даде 16, а од стартерите Пен имаше 11, а Милер уште 10.

Во гостинската екипа, Пајиќ заврши со 12.поени, Иванов со 11, а Петровски со 10.поени.  

ОХРИД – РАБОТНИЧКИ  96:111

По изедначениот почеток односно десет минути во кои двете екипи беа во рамките на еден егал резултат, фаворитот „притисна“ на почетокот на вториот период, оној во кој се стекна со некоја предност која може да се окарактеризира како солидна.

До полувремето Работнички изгради позитива од осум поени (48:40). Со доминација во играта во рекетот во која се издвои Рикиќ, кој веќе беше на 16.реализации, седне од Џечлетовиќ кој имаше три поени помалку.

Парираа Лајонс со 14. и Андерсон кој имаше 10.поени.

На почетокот на второто полувреме, гостите од Скопје направија серија од (10-2), доволно за прв пат на мечот да се оддалечат, имаа највиски (58:42). Во оваа перфектна четвртина, „црвено-белите“ имаа и плус од 27.поени (74:47), кога се играше 26.минута.

За краток период, охриѓани успеаја да симнат дел од таа негатива, направија серија од (9-1), и намалија на (56:75). За двете екипи во последниот дел влезат со резултат (61:81), недостижен за домашната.

Шестмина гостински кошаркари имаа десет и повеќе поени. Ги предводеше највисокиот, Рикиќ, кој реализираше 22, Џелетовиќ застана на 19. Во второто полувреме поентерски се „активираа“ и бековите, пред се Стајиќ, Трајс, Декоузи и Ефремовски, доволно за нова победа, за Работнички 15. Во сезоната со која останува на делба на првото место на табелата со ист ефект како и нивниот најголем ривал – МЗТ Скопје Аеродром.

Кај Охрид, во второто полувреме се „отвори“ Бревер, кој заврши со 22. реализации, Лајонс беше двоцифрен, кај поените – 22, но и кај скоковите – 12, додека Андерсон финишираше со 21, а Ибраими со.15.поени.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 19.КОЛО

МЗТ Скопје Аеродром – ТФТ Моцарт 78:56

Еуро Никел 2005 – Феникс 2010         84:68

Кожув - Навико Академија ФМП        88:60

Охрид – Работнички        96:111

Пелистер – Чаир 2030    (во тек)

Гостивар – Вардар           (во тек)

ТАБЕЛА: Работнички 34, МЗТ Скопје Аеродром 34, Еуро Никел 2005 32, Чаир 2030 31 (-1), Пелистер 30 (-1), ТФТ Mоцарт 31, Феникс 2010 30, Гостивар 23 (-1), Кожув 24, Охрид 23, Академија ФМП 22, Вардар 21 (-1);