10.03.2023

Три натпревари во саботните термини, најинтересниот е во салата „Независна Македонија“, Навико Академија ФМП бара изненадување

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Работнички оди на „поправен испит“ во Кисела Вода

Уште еднаш во текот на оваа сезона, едно првенствено коло ќе биде реализирано  онекоку различни термини. Јасно е зошто, ако се земе в предвид дека три наши екипи се дел од регионалните натпреварувања како АБА и АБА 2 лигата.  

Оттука три натпревари во кои не се „инволвирани“ екипите на МЗТ Скопје Аеродром, ТФТ и Пелистер, ќе се одиграат во сабота навечер.

Ова 17. коло ќе биде отворено со средбата во струмички „Парк“, каде од 17. часот, Струмица 2022 го пречекува Гостивар.

Доста интересно се очекува да ќе биде во салата „Независна Македонија“, каде од 18.45 часот, ќе играат Навико Академија ФМП (3-13) и Работнички (8-8). „Црвено-белите“ во обид да ја прекинат серијата на неуспешни игри, а домаќините да го изненадат противникот кој ја има улогата на фаворит.

Нешто подоцна (19.часот), во кавадаречки „Јасмин“, Еуро Никел 2005 го дочекува Феникс 2010, во натпревар кој победникот може да се надева и на позицијата број 4, последната која дава предност на играње на домашен терен во доигрувањето за шампионската титула.

Двете екипи имаат скор од десет победи и шест порази, и во овој момент ја делат таа позиција, и се на чекор до третата на која е екипата на ТФТ (11-5).

„Црно-белите“ својот меч од оваа рунда, оној против Кожув (7-9), во Гевгелија, ќе го одиграат на 14. март (вторник) со почеток од 18. часот.

Истиот ден, но еден час подоцна (19.00), во Куманово гостува актуелниот лидер и бранител на шампионскиот трофеј – МЗТ Скопје Аеродром (14-2).

Колото број 17 пак ќе биде затворено на 15 март (среда), со дуелот во кој ќе се сретнат екипите на Чаир 2030 (скор 4-12) и Пелистер (13-3).

Овој натпревар ќе се игра во салата „Шабан Трстена“ во скопската населба Чаир, со почеток од 18.часот.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

ДВОЈКИ 17. КОЛО

17.00: Струмица 2022 – Гостивар

Сала „Парк“ – Струмица

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/kMeVa2CxlpE?feature=share

18.45: Навико Академија ФМП – Работнички

Сала „Независна Македонија“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/-SXEREMMakI?feature=share

19.00: Еуро Никел 2005 – Феникс 2010 (МРТ 3)

Сала „Јасмин“ – Кавадарци

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/uTdKXuqLslg?feature=share

14. МАРТ (ВТОРНИК):

18.00: Кожув – ТФТ Мozzart

Сала „26.април“ – Гевгелија

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/rj6YgfXUJN8?feature=share

19.00: Куманово 2009 – МЗТ Скопје Аеродром

Сала „Перо Наков“ - Куманово

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/T8K1SO88QTE?feature=share

15. МАРТ (СРЕДА):

18.00: Чаир 2030 - Пелистер

Сала „Шабан Трстена“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/8Oh0GzE19Lw?feature=share

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 30, Пелистер 29, ТФТ Mozzart 27, Феникс 2010 26, Гостивар 26, Еуро Никел 2005 24, Работнички 24, Кожув 22, Куманово 2009 20, Чаир 2030 19, Навико Академија ФМП 19, Струмица 2022 18;