16.03.2024

Кожув не беше вистински конкурент во СРЦ „Кале“, сигурна победа за фаворитот (92:73)  

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Работнички останува на лидерската позиција

Кошаркарите на Работнички стигнаа до уште една последувателна победа во првата лига. Кожув не им беше вистински ривал на дуелот во СРЦ „Кале“. А поголемиот дел од задачите играчите во „црвено-бела“ комбинација го завршија во првите 20.минути. 

РАБОТНИЧКИ – КОЖУВ  92:73

Одлични десет стартни минути имаа кошаркарите на Работнички во дуелот со гостите од Гевгелија. Уште во првиот период, домаќините направија висока предност (21:8), која до полувремето ја зголемија на (43:26)

Во тоа одлично прво полувреме на „црвено-белите“, тројца играчи во домашната екипа имаа по девет реализации, Трајс, Рикиќ и Ефремовски.

На другата страна, колку-толку поентерски парираа Пен и Вујадиновиќ (двајцата по осум поени).

Токму Пен беше кошаркарот кој внесе многу поголема енергија во играта на гостинската екипа. Далеку поефикасно одиграа гевгеличани во третиот период, во кој успеаа да симнат дел од високата негатива. На истекот од третиот квартал, Работнички водеше „само“ со (65:54). Но во вистинско време за домашната, дојде тројката на Џелетовиќ, за комотни (68:54).

Во тие десет минути Пен реализираше 13. од вкупно 30.поени на Кожув, или четири повеќе во однос на првите две четвртини заедно!

Но, во пет минути од последниот период стана јасно дека Кожув нема сили за нешто повеќе. Работнички се одвои на плус 20, (80:60), и мирно го затвори овој натпревар во кој ја потврди високата форма, која и го донесе до водечката позиција на табелата.

Во финишот на средбата, Џелетовиќ дојде титулата прв стрелец на Работнички, даде 19. поени, Рикиќ даде 17 (имаше и десет скока), Трајс реализираше 16.поени, имаше и осум успешни додавања, Ефремовски финишираше со 12, а Ѓуроски со 10.поени.

Освен Пен, кој застана на бројката од 22.поени, „двоцифрен“ беше само уште Вујадиновиќ кој постигна 17 (плус осум скока и четири асистенции).

По 20 одиграни мечеви, Работнички сега е прв (во пресрет на исходот од дуелот во Чаир, каде гостува нивниот конкурент, МЗТ Скопје Аеродром) со ефект од 16.победи и 4.порази. А екипата од Гевгелија има пет победи и 15.порази во пресрет на последните две кола од регуларниот дел на сезоната во Првата лига.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 20.КОЛО

16.МАРТ (САБОТА)

Работнички – Кожув        92:73

Навико Академија ФМП – Гостивар  82:102

21.00: Чаир 2030 – МЗТ Скопје Аеродром  (42:44)

17.МАРТ (НЕДЕЛА)

20.00: Феникс 2010 – Охрид

Мала на СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/iA7MfuFo1g4?si=Uilbl5j3EsEpUDah

ПОРАНО ОДИГРАНО:

Вардар – Пелистер          74:86

ТФТ Моцарт – Еуро Никел 2005          73:56

ТАБЕЛА: Работнички 36, МЗТ Скопје Аеродром 34 (-1), Пелистер 34, Еуро Никел 2005 33 ТФТ Mоцарт 33, Чаир 2030 32 (-1), Феникс 2010 30 (-1), Гостивар 27, Кожув 25, Академија ФМП 24 Охрид 23 (-1), Вардар 23;