27.12.2023

Во последниот натпревар во 2023 година, „црвено-белите“ излегоа како сигурен победник против „пелистерци“, славеа со (98:84)

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Работнички прелесно го победи Пелистер, и стигна до третото место на табелата

Со дерби дуелот во СРЦ „Кале“ во кој се сретнаа екипите на Работнички и на Пелистер и официјално е затворена кошаркарската 2023 година во македонската Прва лига. А полесно од предвидувањата, тимот од „Градски парк“ стигна до двата бода, и направи чекор напред на табелата. 

РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР        98:84

Домашните кошаркари одиграа далеку подобро во првите 20.минути од последниот првенствен натпревар во 2023 година.

Особено тоа се однесува за оној втор период од играта, во кој водството, сосема солидно од првиот, (26:20), го удвоија. Имаа предност и тоа во неколку наврати, и од 12. поени. Серијата со пет поени во низа ја иницираше Ефремовски, домаќинот поведе со (36:24), како што стоеше на семафорот во 14.минута. Потоа Работнички имаше и (40:28). А репрезентативниот бек веќе имаше 11. реализации.

Пелистер беше под своето ниво во нападот во тој дел од мечот во СРЦ „Кале“. За седум минути битолчани имаа само седум реализирани поени. Премалку за екипа која негува еден крајно офанзивен стил на игра а во која Маслинко собра десет поени.

Имаа „црвено-белите“ и уште повисоки (46:31), резултат од 19.минута, кој го постави Декоузи со својот десетти поен, втор „двоцифрен“ играч кај Работнички. Тоа не беше се, затоа што Работнички имаше и (48:31) пред крајот на полувремето кое го затворија со (53:36).

По оваа победа, односно по 13 одиграни кола, Работнички дојде на ефект (9-4), и се изедначи со Пелистер и со екипата на Чаир 2030 на првенствената табела. А поради најдобар кош-количник во овој „триаголник“, се искачи на третото мето на првенствената табела. 

Но серијата од (21-0) на Работнички  за (85:51)во средишниот дел од третата четвртина, ги тргна сите надежи на „пелустеци“ за било каква помисла за евентуално „враќање во натпреварот“ а во кој една петорка на Работнички заврши со дво ифрен број на поени. Декоузи имаше 22.реализации. Рикиќ додаде 15, Трајс 14, Ѓуроски 13, а Ефремовски уште 11.

На другата страна од теренот,  Хот комплетираше 22.поени, Костоски имаше 15, Планиниќ 14, а Мијовиќ и Маслинко уште десет, сите во првото полувреме. 

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 13. КОЛО

Работнички – Пелистер  98:84

Гостивар – МЗТ Скопје Аеродром     69:78

Чаир 2030 – ТФТ Моцарт           81:63

Навико Академија ФМП – Охрид       96:88

Кожув – Еуро Никел 2005         81:86

Вардар – Феникс 2010   89:104

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 25, Еуро Никел 2005 23, Чаир 2030 22, Пелистер 22, Работнички 22, Феникс 2010 20, ТФТ Моцарт 20, Гостивар 17, Кожув 16, Вардар 16, Навико Академија ФМП 16, Охрид 15;  

ИДНО КОЛО (20.01.2024)

Еуро Никел 2005 – Гостивар

Феникс 2010 – Навико Академија ФМП

Работнички – Чаир 2030

Охрид – Кожув

МЗТ Скопје Аеродром – Пелистер

ТФТ Моцарт - Вардар