Во првите два натпревари од 11. коло, успешно гостување на Работнички во Гостивар, но и на Чаир 203 во Охрид...
ГОСТИВАР – РАБОТНИЧКИ 65:86
Одлично функционираше, барем во нападот, двоецот Рикиќ-Ефремоски (комбинирано 27.поени) во тоа прво полувреме во кое „црвено-белите“ воде, и таа предност ја задржаа.
По 20.минути игра имаа солидни (45:38).
На почетокот од второто полувреме, во нецели четири минути, гостите од Скопје направија серија од (13-4), со која се одвоија на највисоки (58:42), кои нешто потоа пораснаа и на (61:44). На истекпт на 30.минута разликата беше нешто пониска, (69:55).
За кратко, затоа што по три минути од четвртата четвртина, Работнички се одвои на уште поголема разлика (76:57). Освен Рикиќ и Ефремоски, почна да погодува и Трајс, а поддршка како резервист добија од Стајиќ.
Добро функционираа и стартните пет на Гостивар, но ниту еден поен не добија од „клупата“, што делумно и влијаеше на конечниот исход на дуелот во салата „Младост“. Работнипки го запиша седмиот триумф во сезоната, додека пак Гостивар (скор 4-7) ќе стравува за позицијата брј 8, онаа последната која води на финалниот турнир од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“.
ОХРИД – ЧАИР 2030 64:74
Подобропласираната екипа на табелата одигра подобро во првите 20.минути од средбата во салата „Билјанини избори“. Не така ефикасни, но сепак доста поприфатливи за екипата на Чаир 2030, кој имаше водство од седум поени (37:30). А сите поени беа добро распределени, во стартната петорка на тренерот Ерхан Рамадан, а во која со десет реализации предначеше Мустафица.
На другата страна „отпор“ и тоа сериозен даде Бернард, кој уште во тој период од играта комплетираше 15.поени и пет успешни додавања.
Изедначено се играше и на почетокот на третата четвртина. Со наизменично поентирање од двете страни, и без сериозна резултатска промена. Таа стигна некаде во 27.минута, кога гостите се одвоија на двоцифрени (52:40), недолго потоа имаа и уште повисоки (55:42), за третиот дел од играта да биде затворен со 15.поени „вишок“ за Чаир 2030, (60:45).
Знаеја да ја одбранат таа висока позитива гостинските кошаркари. Во оние последни десет минути имаа асполутна контрола над резултатот. Макар што охриѓани се приближија, дојдоа на (57:68), а потоа негативата ја сведоа и на едноцифрена (61:70) на 2:42 минути пред крајот. Немаа сили за нешто повеќе, оттука екипата од Чаир се врати на патеката на победите, за нив седма во 11. одиграни кола.
Тајр Корбет им се врати на „старите навики“. Забележа нов дабл-дабл од 18. поени и 18.скока. Блиску до двоен ефект беше и Мустафица, кој на 14.поени, додаде и девет скока. Ист број на поени останаа и зад презимето Мофит (плус осум асистенции), додека одлична роља оствари и Нацевски – стрелец на 15.поени.
Во охридскиот состав, Бернард запре на 28.поени (шест асистенции и четири скока), додека Лајонс го испрати со одлични 16.поени и 14.скока.
Вечерва, во Битола, играат и Пелистер и Кожув. Утре се играат натпреварите Еуро Никел 2005 и Вардар (18.00), односно Феникс 2010 и ТФТ Моцарт (од 20.часот).
ПРВА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 11. КОЛО
Гостивар – Работнички 64:85
Охрид – Чаир 2030 64:74
Пелистер – Кожув (во тек)
10. ДЕКЕМВРИ (НЕДЕЛА)
18.00: Еуро Никел 2005 – Вардар
Сала „Јасмин“ – Кавадарци
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/o9x8YBYc7N0?si=Yywbc-cCXaF3Mvat
20.00: Феникс 2010 – ТФТ Моцарт
Мала сала на СЦ „Јане Сандански“ – Скопје
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/VNT15tD662U?si=HXe776esQP6DPCMO
ПРЕТХОДНО ОДИГРАНО:
МЗТ Скопје Аеродром – Навико Академија ФМП 79:72
ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 19, Пелистер 17, Еуро Никел 2005 17, Работнички 18, ТФТ Моцарт 16, Чаир 2030 18, Феникс 2010 16, Гостивар 15, Кожув 13, Вардар 13, Навико Академија ФМП 12, Охрид 12;