Вториот натпревар од саботната, двојна програма во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ го одиграа екипите на МЗТ Скопје Уни Банка и Работнички.
„Црвено-белите“ важеа како фаворити против екипата која за прв пат во својата тренерска кариера ја водеше Перо Блажевски. Делумно и го оправдаа тој епитет, ако се земе в предвид дека пред крајот на втората четвртина имаа и двоцифрен плус. Но требаше сериозно да се помачат момците кои од другата страна на игралиштето ги предводеше Тони Симиќ, за да дојдат до планираната цел.
МЗТ СКОПЈЕ УНИ БАНКА – РАБОТНИЧКИ 78:85
По израмнетата прва четвртин во која двете екипи си поделија по 23. поени, кошаркарите на Работнички беа подобар ривал во втората. Остварија и двоцифрена предност (43:33) по 18.минути игра. Но до истекот на полувремето, таа нивна позитива беше преполовена, пред младиот Данаиловски да положи за плус 7 (45:38).
Со забелешка дека во тие 20.минути, Емерсон реализираше 12.поени, а Мацура уште за Работнички, додека на другата страна од теренот, слична распределба на поените. Одличен беше двоецот Петровски (12.поени)-Митевски (10).
Младите кошаркари на МЗТ Скопје Уни Банка не се предаваа, напротив. Во 27. минута стигнаа и до израмнување. Ги искористија сите слабости во одбраната на Работнички, за нерешени (52:52).
Нешто подоцна имаа и (59:59), но последните поени во третата четвртина беа за гостите, кои се одбранија и ја задржаа предноста, (63:59) по 30.минути од премиерниот меч во новиот шампионат.
По пет минути од четвртата делница, Работнички одново се одвои на пристојна разлика, сега изразена со осум поени (76:68).
По „два плус еден“ играта на новакот Рансом, домашната екипа уште еднаш се приближи на достижни (78:80), кога останаа да се доиграат 38.секунди. Ама неговиот американски сонародник во дресот на Работнички, Емерсон, со четири поени по ред, ги симна дилемите, фаворитот победи.