Прв пораз за Работнички во новата сезона. На гостувањето во салата „Шабан Трстена“ подобри од нив беа кошаркарите на Чаир 2030.
ЧАИР 2030 – РАБОТНИЧКИ 83:82
Резултатот во првата четвртина во која чаирчани издоминираа во секој поглед, и тоа го валоризираа со предност од 15.поени (30:15), не навестуваше дека дуелот во Чаир ќе се претвори во драматичен.
Но кошаркарите на Работнички, иако некомплетни, со неиграњето на стартерот Џелетовиќ и репрезентативецот Николов, се „погрижија“ да не биде се така „мирно“.
Како одминуваа минутите, така „црвено-белите“ ја стигнуваа таа висока негатива. До полувремето, Чаир 203 водеше „само“ со 47:39), а на крајот на третата четвртина со уште пониски (64:61).
И во вистинска смисла на зборот, последните десет минути беа неизвесни, буквално до последните секунди од играта.
Откако Рикиќ намали на (82:83) со реализација на две слободни фрлања, а Корбет не го реализираше наредниот напад за Чаир 2030, гостите дојдоа до шанса и да победат. Но во вистински трагичар се претвори Декоузи, кој во два наврати, и блиску до кошот, не успеа да го пронајде патот до обрачот, односно да поентира, па слвењето на домашната публика можеше да почне.
Домашниот тренер Ерхан Рамадан се ослони на стартната петорка. На довербата Корбет враѕи со дабл-дабл од 25.поени и 11 скока, блиску до двоен ефект беше и Мофит (18.поени и 8. Скока, плус 4 асистенции), Нацевски реализираше 14, а Мустафица уште 13.поени во сензационалниот успех на чаирчани против најтрофејниот наш кошаркарки колектив.
Три играчи на Работнички постигнаа по 15.поени, Рикиќ, Декоузи иТрис, еден помалку имаше Бакоч, а десет реализации дојдоа од репрезентативниот двоец, Ѓуроски-Ефремоски.
ВАРДАР – ТФТ МОЦАРТ 64:88
Екипата на ТФТ стигна до првиот триумф воопшто во новата сезона. По двата порази во домашниот шампионат и уште два во АБА 2 лигата, „црно-белите“ имаа „реакција“ во дуелот со Вардар, и на гостински терен ја реализираа планираната цел – победа.
До неа момците на тренерот Боро Смилковски дојдоа уште по десет минути игра. Оние во кои реализираа водство, прво од (10-0), потоа и од (27-5),
Нешто подоцна имаа гостите и (31-8), за полувремето да го затвора со (50:27).
Највисоката разлика ТФТ ја реализира во третиот дел од играта, кога имаше и двојно поголеми од противникот, (58:29). За Вардар, кој одигра сосема коректно, добро и на крајот ги доби првите два меча во сезоната, беше недостижно на овој третиот.
Ташовски реализира 17.поени, Хотон додаде 15 (ги реализира сите седум обиди од поле без грешка), додека кај Вардар, единствениот кој ја надмина бројката од десет или повеќе поени беше Атанасов, реализираше 15.
АКАДЕМИЈА ФМП – ФЕНИКС 2010 86:108
До првата победа во сезоната стигнаа и кошаркарите на Феникс 2010. Се чини дека имаа доста полесна задача, затоа што иако на гостински терен, за противник го имаа тимот кој е во „фаза на формирање“ – Академија ФМП.
Макар што во текто на првото полувреме таа „предност“ на Феникс 2010, и не беше така изразена во резултатска смисла.
Навистина на истекот на првата четвртина гостите водеа со сосема солидни (29:20), а на полувреме дадоа 57, а примија 46.поени. тоа не беше игра за паметење.
Но по одморот, македонскиот евро-претставник заигра уште посилно во нападот, реализираа кошаркарите на Феникс 2010, дури 32. поени, за да го „скршат отпорот“ на младиот состав, кој го предводи Владимир Мирковски. Поведоа со (89:68), и го решија прашањето околу конечниот победник.
Своите добри индивидуални изданија ги продолжи Џозеф Рис. Американецот застана на ефект од 25.поени, 8.скока и 4. асистенции, Трајковски додаде 18.поени и по четири скока и асистенции, младиот Зетов уште 12. А двоен број на поени имаа и другите странски играчи во Феникс 2010. Самаје 15, Дениел 14, и Стивенс 12.поени .
Во тимот од Кисела Вода, одлични минути имаа Петровски (23.поени и седум скока), Иванов (22.поени и по четири скока, односно асистенции), Настовски (21.поен и три асистенции) и Масевски (10.поени и три успешни додавања).
Два натпревари од ова трето коло се предвидени за недела.
Од 17.часот, кошаркарите на Гостивар ќе се обидат да ја продолжат серијата на домашни победи против екипата на Еуро Никел 2005, која засега добро ги одработи првите две домашни задачи.
Еден час подоцна, во Гевгелија, Кожув ќе се обиде да доде до првиот првенствен триумф и тоа против екипата коај за првпат настапува во друштвото на најдобрите макар што и во некои изминати сезони Охрид давал свој прволигаш, но не со префикс на „градски“.
Мечот во кој ќе играат нашите два клуба претставници во АБА 2 лигата, Пелистер и МЗТ Скопје е закажан за 18. октомври (среда), од 18.30 часот, во салата „Боро Чурлевски“ во Битола, а ќе биде пренесуван и на програмата на МРТ3.
ПРВА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 3. КОЛО
Вардар – ТФТ Моцарт 64:88
Чаир 2030 – Работнички 83:82
Академија ФМП – Феникс 2010 86:108
15.ОКТОМВРИ (НЕДЕЛА)
17.00: Гостивар – Еуро Никел 2005
Сала „Младост“ - Гостивар
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/lG1NW2kRjZQ?si=sD47VqngxnODpK7j
18.00: Кожув – Охрид
Сала „26.април“ – Гевгелија
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/zZCp5l3gIbM?si=QdbpfI4elX6HFues
18.ОКТОМВРИ (СРЕДА)
18.30: Пелистер – МЗТ Скопје Аеродром (МРТ 3)
Сала „Боро Чурлевски“ – Битола
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/h6OT55mWXCU?si=gdXGXyMow2JbJeG_
ТАБЕЛА: Работнички 5, ТФТ Моцарт 5, Чаир 2030 5, Вардар 5, Еуро Никел 2005 4, МЗТ Скопје Аеродром 4, Гостивар 3, Охрид 3, Пелистер 2, Кожув 2, Феникс 2010 2, Академија ФМП 2;