02.03.2024

Екипата од Гевгелија во последната четвртина го скрши отпорот на Вардар, на крајот и убедливи (92:78)

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: „Реновираниот“ Кожув е чекор поблиску до безбедната зона

Кошаркарите на Кожув дојдоа до многу важна победа во трката за местата кои носат опстанок во друштвото на најдобрите. Како гости „Под Кале“ беа подобри од скопски Вардар.

ВАРДАР – КОЖУВ 78:92

До триумфот, видно изменетиот состав од Гевгелија во кој има дури петмина нови кошаркари, успеа да го скрши отпорот на домаќините.

Три период се водеше доста изедначена борба, во кои ниту еден од двата тима не успеа да обезбеди некоја играчка, и резултатска доминација.

На стартот од последниот период од играта, резултатот беше (63:65). Но, со одлична одбрана во последната четвртина и сигурен напад, Кожув дојде до победата. Последната четвртина ја добија со двоцифрен плус (27:15), за конечна победа, во која новаците Пен и Марковиќ со по 20 поени беа најдобрите поединци, додека Вујадиновиќ и Милер постигнаа по 15 поени. Караколев мечот го заврши со 14 поени.

Кај Вардар се издвои Наков, малдинскиот репрезентативец стрелаше за 22. поени.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 18. КОЛО

ТФТ Моцарт – Пелистер 77:66

Вардар – Кожув    78:92

Охрид – Еуро Никел 2005 (во тек)

19.00: Чаир 2030 – Гостивар

3.МАРТ (НЕДЕЛА)

19.30: Работнички – Навико Академија ФМП

Сала СРЦ „Кале“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/t6DS54LTaLM?si=K8_MNS9aE9n6f8Dm

20.00: Феникс 2010 – МЗТ Скопје Аеродром

Мала сала СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/FL2KfPBYm9Q?si=mUsh7bRJcznbhS7-

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 31, ТФТ Mоцарт 30, Пелистер 30, Работнички 29, Еуро Никел 29, , Чаир 2030 29, Феникс 2010 27, Гостивар 22, Кожув 22, Академија ФМП 21, , Вардар 21, Охрид 20;