13.03.2024

„Вардарци“се заканија само во два наврати, недоволно за да го изненадат поквалитетниот противник, сигурни (86:74), за битолчани

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Рутински бодови за „пелистерци“ под „Кале“

Кошаркарите на Плеистер стигнаа до планираната победа. Непосредно пред заминувањето за Широки, каде следната седмица ќе го одиграат последниот турнир од АБА лигата, на гостински терен, во „Кале“, беа доста подобри од Вардар.

ВАРДАР – ПЕЛИСТЕР       74:86

„пелистерци“ имаа две сосема коректно одработени чеѕвртини. Првата и третата. Во првата најавија дека не се спремни да дозволат изненадување, во третата го потврдија таа своја замисла при доаѓањето во Скопје за да го одиграат меото со последнопалсираната екипа во Првата лига.

Иако без искусниот Александар Костоски, битолчани покажаа квалитет доволен за да се добие овој натпревар од типот „мора да се победи“. Во првите десет минути поведоа со (22:15), во оние третите, имаа и слични (22:16).

Во „меѓувреме“ додја најдобрите минути за Вардар. Оние воведните пет од втората четвртина, во кои направија серија од (16-5), и поведоа, со (31:27).

Но не и нешто повеќе од тоа. До крајот на првото полувреме, Пелистер ја врати предноста (41:37), по одморот се стекна и со двоцифрено водство (63:53). Беше уште повисоко на почетокот на последната делница, (70:53), во делот од играта во кој издоминираа Маслинко и Магдевски, претходно видливо потпомогнати од Планиниќ.

„Вардарци“ не се предадоа, уште еднаш пробаа, дојдоа до -10 (64:74), имаа и доволно време за да го претворат овој натпревар во неизвесен.  

Серијата на домашната екипа, со тројка, ја продолжи Бајрам, па негативата се сведе на едноцифрена (67:74). А веќе во наредниоѕ напад, „растојанието“ беше сано „два поседи“ (69:75).

А време за игра до крајот 3:28 минути...  

По гостинскиот тајм-аут, Маслинко и Најт ја вратија двоцифрената предност на страната на Пелистер, (79:69).

Маслинко ја заврши оваа средба со 23.поени (осум скока и четири асистенции), двоен број на поени 20, и скокови – 10, имаше Планиниќ, додека пак Магдевски го затвори мечот со 20.поени, плус седум асистенции и пет скока.

Во составот на Вардар, Атанасов запиша 20.поени, дабл-дабл беше виден од Хот (17.поени и 11.скока), а 14. поени дојдоа од Кејс.

По 20 одиграни натпревари, Пелистер има ефект (14-6), додека Вардар остана на три победи, сега има и 17.порази.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 20.КОЛО

Вардар – Пелистер          74:86

14.МАРТ (ЧЕТВРТОК)

18.00: ТФТ Моцарт – Еуро Никел 2005

Сала на СРЦ „Кале“ - Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/aIqjoY771VM?si=lfhnbVDzIlvs1oX1

21.00: Чаир 2030 – МЗТ Скопје Аеродром (МРТ 3)

Сала „Шабан Трстена“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/sibwJL-d6aE?si=fZOomMa1ruPBqyqi

16.МАРТ (САБОТА)

15.30: Навико Академија ФМП – Гостивар

Сала „Независна Македонија“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/WoaqmpTGXoY?si=tUm6v-rnbBikAq00

18.00: Работнички – Кожув

Сала на СРЦ „Кале“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/9sj14lt0B1o?si=mCDGis-YEP-4qM5p

17.МАРТ (НЕДЕЛА)

20.00: Феникс 2010 – Охрид

Мала на СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/iA7MfuFo1g4?si=Uilbl5j3EsEpUDah

ТАБЕЛА: Работнички 34, МЗТ Скопје Аеродром 34, Пелистер 34, Чаир 2030 32, Еуро Никел 2005 32, ТФТ Mоцарт 31, Феникс 2010 30, Гостивар 25, Кожув 24, Охрид 23, Академија ФМП 23, Вардар 23;