23.03.2024

„Црвено-белите“ ја потврдија одличната форма, беа далеку подобри и од Феникс 2010, на гостински терен (98:69), за целосен реванш

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Серијата на Работнички трае...

Работнички нема намера да запре во обидот да заврши како првопласирана екипа во регуларниот дел од сезоната и почетокот на плеј-офот. Тимот од „Градски парк“ ја потврди одличната форма, беше подобар и од Феникс, на гостински терен, и одново изби на првото место на табелата.

ФЕНИКС 2010 – РАБОТНИЧКИ 69:98

Работнички постави контрола над играта во првото полувреме. Имаше и одлична реализација гостинската екипа (54% за три и 63% за два поени) во првото полувреме.

Го имаше и малдиот Шошкиќ, кој биеше беспрекорно од поле. Ги погоди сите пет обиди (3/3 за три и 2/2 за два поен), а Рикиќ во рекетот, кој собра 11.поени, имаше и 4 скока.

Гостите имаа и високи 15 асистенции (Трајс и Ѓуроски по пет), сето тоа доволно за ко-лидерот на табелата изгради предност од десет поени (48:38), по 20 одиграни минути.

Одличниот процент на реализација, особено за три поени, гостите го задржаа, дури и покачија, и по големиот одмор. Погодуваа во серии „црвено-белите“ (имаа 64% на реализација). Видливо и во резултатот кој драстично „отиде“ на страната на Работнички.

Во 25.минута, по тројката на Трајс, имаа и плус од 24. поени (66:42).

Тотално надвор од ритам, од игра, делуваа домашните кошаркари, доволно за разликата во корист на противникот да расте и расте...

А Работнички водеше и со уште повиски (74:44).

Одличното издание Шошкиќ го заврши со 19.реализирани поени, три скока и три освоени точки, а Ѓелетовиќ имаше 16. поени, Рикиќ запре на 13.поени, 5 скока и 3 асистенции, исто толку имаше и Трајс (плус и девет асистенции), додека пак во домашната екипа, младиот Димитриев заврши со 12.поени. Рис имаше 11, а Џонс даде 10.поени.  

На коло пред крајот, и со натпревар повеќе во однос на конкуренцијата, Работнички има лидерска позиција која им ја дава ефектот од 17.победи и 4.порази. 

Ова беше и 10. пораз на Феникс 2010 во 21.одигран меч, кој ги остава на позицијата број 7.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 21.КОЛО

Гостивар – Кожув 104:73

Феникс 2010 – Работнички       69:98

Еуро Никел 2005 – Чаир 2030  (во тек)

25. МАРТ (ПОНЕДЕЛНИК)

17.00: Охрид – ТФТ Моцарт

Сала „Билјанини извори“ – Охрид

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/izRsc4KBjSE?si=w8l98j_9yGAorFq0

27. МАРТ (СРЕДА)

19.00: Пелистер – Навико Академија ФМП

Сала „Боро Чурлевски“ – Битола

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/vVQy9yTMRa4?si=Wy_C7iZcwhirovDg

19.00: МЗТ Скопје Аеродром – Вардар

Голема сала СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/H7n705KdPok?si=7mxjlIkSVMHZRbO3

ТАБЕЛА: Работнички 38, МЗТ Скопје Аеродром 36, Пелистер 34, Еуро Никел 2005 33, Чаир 2030 33, ТФТ Mоцарт 33, Феникс 2010 32, Гостивар 29, Кожув 26, Охрид 25, Навико Академија ФМП 24, Вардар 23;