Промената на „домаќинството“ не му посмета на бранителот на титулата да слави убедлива победа, шеста за нив во седум одиграни кола, и „фаќање“ на првата позиција во поредокот...
МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ - ЧАИР 2030 106:61
„Металците“ ги искористија сите предности во однос на екипата која за прв пат настапува во најсилната конкуренција, а згора на тоа сериозно хендикепирана со неиграњето на нивниот најдобар играч Јусуф Мухамед, и суспедираниот тренер Ерхан Рамадан.
Од друга страна, разликата во квалитетот му овозможи на тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, Александар Петровиќ во игра да ги вклучи сите 12. играчи кои ги има во овој момент на располагање, и да одмори дел од оние условно кажано стартери, кои имаа поголем број на минути „потрошени“ пред некоја вечер во дуелот и победата на Мега Нис.
И во таков распоред на силите од првата минута беше јасно кој ќе победи. Во првата четвртина, „гостите“ (МЗТ Скопје номинално беше гостин во СЦ „Јане Сандански“) поведоа со (30:21), до полувремето тоа водство беше удвоено (53:32).
Не застанаа „сино-белите“ ниту во продолжението од играта. Во ист стил ја одработија и третата четвртина, ја добија со најубедливи (29:11), па онаа последната се претвори, реално, во еден посилен тренинг за новиот ко-лидер на табелата.
Дамјан Робев се издвои со 21.реализација, Мекиќ дополни со 16, а Ајви и Пандев имаа уште десет. Кај чаирчани, Френклин финишираше со 23, Бунч со 22, а Тачи со 10. поени.
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 7. КОЛО
МЗТ Скопје Аеродром – Чаир 2030 106:61
Навико Академија ФМП – ТФТ 66:109
Кожув – Феникс 2010 97:89
Струмица 2022 – Работнички 84:92
Куманово 2009 – Гостивар 82:70
1.ДЕКЕМВРИ (ЧЕТВРТОК):
18.00: Еуро Никел 2005 – Пелистер
Сала „Јасмин“ – Кавадарци
ЛИНК: https://youtu.be/-HgaNacxzdk
ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 13, Гостивар 13, ТФТ 11, Феникс 2010 11, Пелистер 11 (-1), Еуро Никел 2005 10 (-1), Работнички 10, Кожув 10, Куманово 2009 9, Чаир 2030 9, Струмица 2022 8, Навико Академија ФМП 8