12.03.2024

Сериозен предизвик е пред МЗТ Скопје, да биде подобар во дуелот со Чаир 2030, закажан за четврток (21.часот, пренос на МРТ3)...

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Шампионот го брани првото место во Чаир

Колото број 20 во првата лига уште еднаше ќе биде малку „продолжено“, секако поради обврските на трите наши претставници во АБА 2 лигата, и оној последен „балон“ кој ќе се игра во Широки во периодот од 15. до 24. март.

Оттука ова коло ќе биде отворено веќе во среда попладне, поточно од 17.часот, кога екипата на  Вардар ќе го дочека Пелистер, во обид да направи изненадување и да се „помрдне“ од последната позиција на табелата.

Од друга страна, по одличното издание против екипата на Чаир 2030 (го реализираа со позитива од триесет поени), битолчани сакаат да имаа добра основа пред патувањето за Широки, каде ги чекаат последните три натпревари од втората лига на Јадранот. Односно да ги земат двата бода со кои ќе останат во првата „четворка“ на првенствената табела.

Веќе во четврток, своите натпревари од ова коло ќе ги одиграат и екипите на ТФТ Моцарт и на МЗТ Скопје.

„Црно-белите“ од Тафталиџе (скор 12-7), од 18.часот, пред своите гледачи во СРЦ „Кале“, се домаќини на Еуро Никел 2005 (13-6). Со евентуална победа ќе се изедначат со ефектот кој го има екипата од Кавадарци.

Дерби дуелот на ова коло ќе се игра три часа подоцна, односно од 21.часот. Во салата „Шабан Трстена“, екипата на Чаир 2030 (скор 13-6) ќе го нагости актуелниот ко-лидер на табелата и бранител на титулата, екипата на МЗТ Скопје Аеродром (пренос на МРТ3).

Преостанатите три натпревари се во оние стандардни, викенд-термини...

Од 15.30 часот, во салата „Независна Македонија“, кошаркарите на Навико Академија ФМП (4-15) се во улога на домаќини на Гостивар (6-13), додека пак од 18.часот, во СРЦ „Кале“, Работнички (13-6), ќе го пречека гевгелиски Кожув (5-14).

Колото број 20 ќе биде затворено во недела навечер, од 20. часот, во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ со мечот во кој Феникс 2010 (ефект 11-8) го пречекува Охрид (4-15).         

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

ДВОЈКИ 20.КОЛО

13.МАРТ (СРЕДА)

17.00: Вардар – Пелистер

Сала на КК „Вардар“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/sI-Rmdmk3OE?si=WC2SG0m8gnp1WZuE

14.МАРТ (ЧЕТВРТОК)

18.00: ТФТ Моцарт – Еуро Никел 2005

Сала на СРЦ „Кале“ - Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/aIqjoY771VM?si=lfhnbVDzIlvs1oX1

21.00: Чаир 2030 – МЗТ Скопје Аеродром (МРТ 3)

Сала „Шабан Трстена“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/sibwJL-d6aE?si=fZOomMa1ruPBqyqi

16.МАРТ (САБОТА)

15.30: Навико Академија ФМП – Гостивар

Сала „Независна Македонија“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/WoaqmpTGXoY?si=tUm6v-rnbBikAq00

18.00: Работнички – Кожув

Сала на СРЦ „Кале“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/9sj14lt0B1o?si=mCDGis-YEP-4qM5p

17.МАРТ (НЕДЕЛА)

20.00: Феникс 2010 – Охрид

Мала на СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/iA7MfuFo1g4?si=Uilbl5j3EsEpUDah

ТАБЕЛА: Работнички 34, МЗТ Скопје Аеродром 34, Чаир 2030 32, Еуро Никел 2005 32, Пелистер 32, ТФТ Mоцарт 31, Феникс 2010 30, Гостивар 25, Кожув 24, Охрид 23, Академија ФМП 23, Вардар 22;