„Поделени“ на домашните и јадранските обврски во кои имаат исто така голем влог - опстанокот, кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром, се чини повеќе рутинерски, но и со доста помала потрошувачка на енергија го решија во своја корист „соседскиот дуел“ со екипата на Феникс 2010.
ФЕНИКС 2010 – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ 64:82
Тренерот на гостите, Драган Николиќ, изненади со Пандев во првата петорка, но тоа не им посмета во раната фаза да поведат со (15:8).
Од друга страна изненадување, и тоа далеку поголемо, беше неиграњето на Бојан Трајковски. Но барем во првата четвртина тоа не беше толку „видливо“. Феникс 2010 (со само седум играчи во ротација) одолеваше на нападите на поквалитетниот ривал, беше во заостанување од само два поени (20:22).
Изедначено се играше до средината на втората четвртина, период од играта во кој двете екипи си разменија по само седум, поени (27:29).
Со трите тројки кои дојдоа од Крстевски, Робев и Кук, МЗТ Скопје се одвои на двоцифрен полус (39:28). Со нешто слично водство, „металците“ го затворија првото полувреме, (42:32).
Во исто темпо се играше и по паузата...
„Сино-белите“ како да се задоволија со таа предност, и успешно ја оддржуваа. Домаќините пак се обидуваа да најдат „поентерска замена“ за Трајковски. Во тој дел од играта почна да погодува Јанески, (претходно, најмногу погодоци, односно десет реализации имаше само Митревски).
Но и по 30 минути игра, аеродромци ја имаа таа стандардна предност (62:51), која, и повеќе од рутинерски, ја одбранија и во последните десет,
Крстевски и Кук (со по 15.поени) ја предводеа листата на стрелци во екипата, која условно беше „гостин“ на овој натпревар во СЦ „Јане Сандански“.
Во онаа домашната, Јанески заврши со 19 поени, Митревски имаше 14, а Димчевски уште десет.
На коло пред крајот на регуларниот дел, МЗТ Скопје има скор (19-2), кој е недостижен за Пелистер (17-4) пред дерби дуелот со битолчани после Веглигденските празници, додека пак Феникс 2010 „заглави“ на бројката од 11. победи, на кои вечерва го додаде и десеттиот пораз. Доволно за делба на шестото место (со екипата на Еуро Никел 2005).
ПРВА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ 21.КОЛО
Феникс 2010 – МЗТ Скопје Аеродром 64:82
Чаир 2030 – Навико Академија ФМП 72:60
Куманово 2009 – Струмица 2022 89:82
Еуро Никел 2005 – Работнички 75:80
Пелистер – ТФТ Мozzart 92:69
Кожув – Гостивар 94:87
ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 40, Пелистер 38, ТФТ Mozzart 35, Гостивар 35, Работнички 34, Еуро Никел 32, Феникс 2010 32, Кожув 30, Чаир 2030 26, Навико Академија ФМП 26, Куманово 2009 26, Струмица 2022 23;
ИДНО КОЛО (22.04)
ТФТ Mozzart – Куманово 2009
Струмица 2022 – Чаир 2030
Работнички – Кожув
МЗТ Скопје Аеродром – Пелистер
Навико Академија ФМП – Еуро Никел 2005
Гостивар – Феникс 2010