Два дена порано, поради претстојните обврски во АБА 2 лигата, кошаркарите на МЗТ, каде за противник, вечерва од 18.часот, ја имаат екипата на Кожув.
Две екипи кои имаа неуспешен почеток во новата сезона. Шампионот „падна“ на гостувањето во Битола, додека пак екипата од Гевгелија на свој терен, беше поразена од екипата на ТФТ.
Па затоа вечерашниот меч во „Јане Сандански“ ќе биде нова прилика за двете екипи за премиерна победа во новиот шампионат.
Добра вест за тренерот на тимот од Аеродром Дарко Радуловиќ, а враќањето во тренажен процес на Бојан Крстевски и Роберт Рикиќ. И двајцата ќе бидат во конкуренција за вечерашниот дуел, додека пак неизвесно е до кога ќе одмора Адем Мекиќ, третиот битен кошаркар, кој и тоа како му недостасуваше на тимот на дербито во Битола.
Календарот носи уште четири средби во саботниот термин, додека второто коло ќе биде затворено во недела, од 18.часот, со средбата Ангели-МЗТ Скопје Уни Банка.
ПРВА ЛИГА – МАЖИ
ДВОЈКИ 2. КОЛО
ДЕНЕСКА:
18.00: МЗТ Скопје Аеродром – Кожув
Сала „Јане Сандански“ – Скопје
9.ОКТОМВРИ (САБОТА):
17.00: ТФТ – Еуро Никел 2005 (МРТ)
Сала на СРЦ „Кале“ - Скопје
19.00: Гостивар – Куманово 2009
Сала „Младост“ – Гостивар
19.30: Навико ФМП Академија – Пелистер
Сала „Независна Македонија“ – Скопје
20.00: Работнички – Феникс 2010
Сала на СРЦ „Кале“ - Скопје
10.ОКТОМВРИ (НЕДЕЛА):
18.00: Ангели – МЗТ Скопје Уни Банка
Сала „Независна Македонија“ - Скопје