25.01.2023

По втор пат во сезоната гостиварци подобри од МЗТ Скопје, сега и на свој терен со убедливи (88:69)

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Шампионот никако не знае како да го победи Гостивар

Ако некоја екипа во домашното првенство знае како да го победи ретко победливиот МЗТ Скопје Аеродром, тоа е дефинитивно Гостивар.

Уште еднаш во оваа сезона, гостиварските „сино-бели“ беа подобри од скопските. Сега и пред својата верна публика во салата „Младост“.

ГОСТИВАР – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ          88:69

Иако првото полувреме заврши со нерешени (40:40), гостите од Скопје беа екипата коај имаше водство. Во еден момент до втората четвртина беше изразено со девет поени (38:29) на нецели три минути пред крајот на полувремето.

Но во тој дел од играта, Гостивар направи серија од (11-2), која ја повлече нивниот најефикасен играч, Пипкинс, а ја продолжи Ефремовски.

По 20.минути, егал скор (40:40), резултат на кој повеќе му е радуваа гостиварци, кои беа во постојана резултатска негатива.

Пипкинс веќе имаше 15.поени, Корсантиа девет, а Ефремовски уште осум во домашната екипа. Во гостинската, каде недостасуваше репрезентативецот Бојан Крстевски, а тренерот Драган Николиќ се реши на трибините да остане недоволно опоравениот Страхиња Миќовиќ, Бурсаќ и Кефи дадоа по девет поени, а Абу осум во тој егал период од дербито на 13. коло во Првата лига.   

А по одморот, особено во последниот период, комлетен „распад-систем“ во играта на бранителот на титулата. Ако во третиот период и одржуваа негатива која може да се стигне (55:60), во оној последниот МЗТ Скопје Аеродром го снема на теренот во салата „Младост“.

Кога видоа дека пред себе немаат состав со шампионски ген, барем не во овие моменти од сезоната, гостиварци го зададоа последниот удар. И по втор пат во оваа сезна го урнаа тимот од Аеродром.

До драгоцениот успех, особено важен за изгледот на табелата, пред се горниот дел, ги предводеше одличниот Пипкнс, кој заврши со 25 поени и седум скока, стандардно добар, со нов дабл-дабл беше и Корсантија (21 поен и 13.скока, по 14 реалиации имаа Ефремовски и Вучковиќ, а  уште девет дојдоа од резервистот Митевски.

Во лошото издание на МЗТ Скопје Аеродром и третиот пораз во сезоната (втор од Гостивар), Бурсаќ запиша 16.поени, 12 имаше Д. Стојановски, 11 дојдоа од Кефи, а уште десет од Абу.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 13. КОЛО

Гостивар – МЗТ Скопје Аеродром     88:69

28. ЈАНУАРИ (САБОТА)

17.00: Навико Академија ФМП – Феникс 2010

Сала „Независна Македонија“ – Скопје

ЛИНК: https://youtu.be/KNLMfxawYNI

29.ЈАНУАРИ (НЕДЕЛА)

18.00: Струмица 2022 – Кожув

Сала „Парк“ – Струмица

ЛИНК: https://youtu.be/EWGvkbJqo3Y

19.00: Куманово 2009 – Еуро Никел 2005

Сала „Перо Наков“ – Куманово

ЛИНК: https://youtu.be/MzY4HEKf4lg

31.ЈАНУАРИ (ВТОРНИК)

19.00: ТФТ – Чаир 2030

Сала СРЦ „Кале“ – Скопје

ЛИНК: https://youtu.be/bPyCxHnkyP8

1.ФЕВРУАРИ (СРЕДА)

17.00: Работнички – Пелистер

Сала на СРЦ „Кале“ – Скопје

ЛИНК: https://youtu.be/EQ9-344RxUI