18.10.2023

Реваншот за Пелистер, подобар во сите 40.минути од дербито (81:71)

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Шампионот „падна“ во Битола

ФОТО: КК „Пелистер“ - Битола

Во последниот натпревар од 3. коло, кој воедно беше означен како „реприза“ на ланското финале на плеј-офот, екипата на Пелистер, во доста променер ростер во однос на последниот првенствен, но и оној меч од АБА 2 лигата, пред извесно време, на турнирот во Суботица, беше подобра од МЗТ Скопје Аеродром. 

ПЕЛИСТЕР – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ          81:71

Екипата од Битола беше далеку подобар противник во дерби дуелот на 3. коло. Особено тоа се однесува за првото полувреме во кое екипата која сега од клупата ја предводи Дарко Радуловиќ се стекна со предност и од 19.поени (39:20).

Но само благодарение на серија од (9-0), направена во последните 2:45 минути, актуелниот шампион фати резултатски приклучок, односно се доближи на подносливи (30:39) на полувремето.

ФОТО: КК „Пелистер“ - Битола

Во она второто, продолжи трката на „сино-белите“ да го достигнат постојаното водство на „пелистерци“.

Но бранителот на титулата беше далеку од пресврт...

Навистина, во финалниот дел, односно во 33. минута, МЗТ Скопје се доближи на негатива од само пет поени (58:63). Но „бело-зелените“ знаеја да се одбранат. Со серија од седум поени (пет од нив на новакот Андреј Магдевски), Пелистер го одбрани тој последен обид на „металците“. Брзо се врарти на двоцифрена предност (70:58). И Иако до крајот имаше да се играат скоро шест минути, гостите од Скопје немаа доволно енергија да пробаат да направат уште еден „камбек“, па мораше да се помират со првиот пораз во сезоната, уште во раната фаза од шампионатот.

ФОТО: КК „Пелистер“ - Битола

Во првата победа на Пелистер, се издвои Андреј Маслинко, репрезентатвното крило постигна 21.поен,  дополнети со шест скока, исто толку поени дојдоа и од Бернард, кој додаде и десет скока и 4.асистенции, додека новиот играч во ростерот Мијовиќ имаше добро деби во новиот дрес, заокружено со 13.поени и 5.скока.

Во редовите на МЗТ Скопје Аеродром, Расел постигна 18, Танасковиќ даде еден помалку (но и десет скока), Ворку имаше 14, а В. Стојановски уште десет поени.  

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 3. КОЛО

Пелистер – МЗТ Скопје Аеродром     81:71

Кожув – Охрид      96:69

Гостивар – Еуро Никел 2005    67:106

Вардар – ТФТ Моцарт     64:88

Чаир 2030 – Работнички            83:82

Академија ФМП – Феникс 2010          86:108

ТАБЕЛА: Еуро Никел 2005 6, МЗТ Скопје Аеродром 5, Работнички 5, ТФТ Моцарт 5, Чаир 2030 5, Вардар 5, Пелистер 4, Кожув 4, Охрид 4, Гостивар 4, Феникс 2010 4, Академија ФМП 3;  

ИДНО КОЛО (21.10)

Чаир 2030 – Вардар

Работнички – МЗТ Скопје Аеродром

ТФТ – Академија ФМП

Еуро Никел 2005 – Пелистер

Феникс 2010 – Кожув

Гостивар - Охрид