Втора победа во рок од само неколку дена реализираше шампионот. Прва пред својата публика во СЦ „Јане Сандански“ каде „падна“ за нив незгодниот, во последно време, состав од Гостивар.
МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – ГОСТИВАР 85:59
Доста изедначено се играше во првиот период од играта, во кој МЗТ Скопје водеше, но гостите од Гостивар не дозволија тоа да биде некое поголемо водство од минимално.
Така беше и на истекот на 10.минута, првакот имаше „половина кош“ предност (17:16).
Но на почетокот на вториот период, скопските „сино-бели“ почнаа да „билдаат“ разлика, кој во одреден момент беше и двоцифрена, а највисока во 19.минута, кога по 10.поен на Крстевски, резултатот беше (36:23).
Но со серија од пет поени, гостиварци покажаа дека нема намера така лесно да се предадат.
Впрочем тие се една од ретките екипи во домашниот шампионат кои може да се пофалат дека во изминатите две–три сезони на доминација на МЗТ Скопје, знаеле и да изненадат, па и да победат во СЦ „Јане Сандански“.
Гостиварци ја продолжија серијата на (9-0) почната на крајот од полувремето, и во воведните минути од третиот дел, кога се доближија и на само четири поени негатива (32:36).
Но двете тројки кои дојдоа од Ворку и Крстевски, ги вратија назад гостите во обидите за пресврт, првакот брзо се врати на двоцифрен плус, (42:32).
Тука некаде и претстана да „трае“ отпорот на екипата од Гостивар. Како одминуваа минутите, така првакот ја покажуваше својата сила. До истекот на третата четвртина МЗТ Скопје поведе со плус 22 (59:37). Па оние десет минути кои останаа, беа само класично одработување на задачите кои со себе ги носи еден првенствен натпревар.
Оној во кој поентерски, интересно се одвои Крстевски, кој постигна 17.поени. Другиот висок играч кај екипата од Аеродром, Танасковиќ, даде 13, а два помалку, имаше репрезентативнито капитен, Војдан Стојановски.
Во редовите на Гостивар, Инграм и вензант дадоа по 14.поени.
АКАДЕМИЈА ФМП – ЕУРО НИКЕЛ 2005 58:114
Оваа вечер се одигра и последниот натпревар од првото првенствено коло. Во салата „Независна Македонија“ во Скопје, Академија ФМП успеа во обидите да регистрира доволен број на играчи и да го почне шампионатот.
Очекувано, Еуро Никел 2005, макар и во видно променет ростер, важеше и ја потврди улогата на фаворит во своето прво појавуавње во новата сезона.
Уште на полувремеото, кавадарчани обезбедија високо водство (55:32), кое рутинерски го обранија, и зголемија во вторите 20.минути, за прв првенствен успех.
Исто така очекувано, новиот тренер на гостинската екипа, Атанас Манев, им даде шанса на сите 12.кошаркари, и тоа уште во првото полувреме, извесно, со цел да ги провери моменталните можностите на тимот кој го има на раполагање, а во кој има навистина и доста голем број на нови играчи, особено оние кои доаѓаат од страна.
Уште повидлива, разликата и во квалитетот и во искуството беше во продолжението од овој натпревар, кој наликуваше како тренинг за Еуро Никел 2005, во чии редови дури шестмина завршија со десет или повеќе поени.
Најмногу 20, даде Златев, кој доби и најголем број на минути. Бојчев имаше 17, Чадамов дополни со 14, Глигоријевиќ имаше 12, а Врањеш и Тодороски по десет реализации.
На другата страна, исто така очекувано, најмногу прикажа Лука Петровски, кој заврши со 22.поени, го следеше Иванов, стрелец на 12.поени, а Спасовски даде 10.
ПРВА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 2. КОЛО
МЗТ Скопје Аеродром – Гостивар 85:59
7.ОКТОМВРИ (САБОТА)
13.30: ТФТ – Чаир 2030
Сала СРЦ „Кале“ – Скопје
18.00: Охрид – Академија ФМП
Сала „Билјанини извори“ – Охрид
20.30: Пелистер – Работнички
Сала „Боро Чурлевски“ – Битола
8.ОКТОМВРИ (НЕДЕЛА)
18.00: Еуро Никел 2005 – Кожув
Сала „Јасмин“ – Кавадарци
9.ОКТОМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК)
18.00: Феникс 2010 – Вардар
Голема сала СЦ „Јане Сандански“ - Скопје