Фаворитите ја оправдаа улогата и славеа победи.
Во воведниот натпревар од 17.коло, „пелистерци“ пред својата публика го совладаа Феникс 2010.
ПЕЛИСТЕР – ФЕНИКС 2010 71:67
Кошаркарите на Пелистер ја остварија 12. победа во прволигашката конкуренција.
Скопскиот тим го доби првиот период со 12 разлика (22:10), но во вториот подобар беше Пелистер, домаќинот го доби тој дел со (21:15). Сепак на пауза Феникс замина со предност (37:31).
Предводени од расположениот Магдевски кој одлично ги разигруваше соиграчите, домаќините во третиот период го свртеа резултатот и поведоа. Од тогаш, се до крајот Пелистер беше тимот кој ја имаше предноста, а гостите бркаа негатива. Во таквата игра подобро се снајдоа „зелено-белите“ и заслужено на крајот славеа со (71:67).
Јуре Планиниќ со 21 поен беше најдобар стерелц во победничката екипа, за која Маслинко постигна 15 поени, а имаше и 9 скокови. Андреј Магдевски беше исклучително расположен, па на 11. поени, додаде и 9. асистенции и 7. скокови.
Американецот, Хејс Џонс со 24 поени беше прв стрелец во поразениот тим, а воедно и на натпреварот.
Овие два тима веќе во четврток, ќе се судрат во четвртфиналето на Купот на Македонија, чија завршница ќе се игра во Битола.
По оваа победа Пелистер се проби на второто место на табелата, барем до утре, за кога е закажано дербито меѓу Еуро Никел и Работнички.
МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – ОХРИД 81:68
Предноста на домашниот терен ја искористи и шампионот МЗТ Скопје Аеродром, кој можеби потешко од очекуваното го совлада Охрид. Иако од почетокот аеродромци постојано беа во водство, сепак во првиот дел не успеаја да направат двоцифрена предност.
На одмор МЗТ Скопје замина со не така високи (42:35). Дури на крајот на третиот период „сино-белите“ стигнаа до +10 (59:49). Таквата предност домаќините не ја испуштија и на крајот славеа планирана победа.
Во редовите на МЗТ Скопје, најефикасен беше новакот, Делалиќ со 24 поени. На чекор до двоен ефект беа и друготе високи играчи, Душан Танасковиќ (15. поени и 9. скокови) и Бојан Крстевски (14. поени и 9. скокови).
ГОСТИВАР – ТФТ МОЦАРТ 77:91
На гостуавњето во Гостивар, кај истоимениот домашен тим, ТФТ Моцарт победата ја најави по првата четвртина која ја доби со 15 разлика. На полувремето гостите од Скопје имаа и +17 (44:27).
Тоа се покажа како недостижно за Гостиварци, па ТФТ ја забележа и 11. Победа во првенството. Бадијала се покажаа оние 31, поен за Инграм кога Гостивар го претрпе 12. пораз во сезоната.
Во победничката екипа, Николов беше блиску до даб-дабл, а натпреварот го заврши со 24. поени и 9. скока.
КОЖУВ – ЧАИР 2030 70:84
Иста слика и на натпреварот во Гевгелија каде составот на Чаир 2030 првото полувреме го заврши со убедливи 20 поени предност (47:27). По ова се чини дека второто полувреме во салата „26.април“ беше само чиста формалност, по кое, чаирчани се израдуваа на нова, 12. Победа во првенството.
Американецот Галовеј, со 23. поени беше прв стрелец на натпреварот и во победничката екипа за која Какруки додаде 21 поени и осум скокови.
НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП – ВАРДАР 80:74
Во дуелот на двете последно рангирани екипи екипата на Навико Академија ФМП во интересен и резултатски неизвесен натпревар го победи Вардар. Иако на гостите им припадна првото полувреме (41:33), во второто, домашниот состав направи комплетен пресврт.
Решавачка беше последната четвртина која „лавовите“ ја добија со осум разлика, за на крајот да слават со седум поени вишок.
Оваа рунда ќе биде заокружена утре, од 18. часот, со дербито во Кавадарци, каде Еуро Никел 2005 ќе го пречека Работнички.
ПРВА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 17. КОЛО
Пелистер – Феникс 2010 71:67
Гостивар – ТФТ Моцарт 77:91
Кожув – Чаир 2030 70:84
Навико Академија ФМП – Вардар 80:74
МЗТ Скопје Аеродром – Охрид 81:68
11.ФЕВРУАРИ (НЕДЕЛА)
18.00: Еуро Никел 2005 – Работнички (МРТ3)
Сала „Јасмин“ – Кавадарци
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/wCBm3tg_Rwg?si=L04TvRQYFlNgn_Cp
ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 31, Пелистер 29, Чаир 29, Работнички 27 (-1), Еуро Никел 28 (-1), ТФТ 28, Феникс 27, Гостивар 22, Академија ФМП 21, Охрид 20, Кожув 20, Вардар 20;