Иако видно заморени од напорниот ритам, кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром не дозволија изненадување, и во соседскиот дуел славеа сигурна победа над Феникс 2010, која ги враќа назад, на првата позиција на табелата по десет одиграни прволигашки рунди.
МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – ФЕНИКС 2010 83:68
Добар дел од своите домашни обврски на овој меч, популарните „металци“
Го реализира упте во првите десет минути во кои направија и десет поени предност (24:14), кои со рутинерска игра не само што ги одбранија, туку до одморот и го покачија на (49:35).
Феникс 2010 одржа рамнотеша во продолжението на дуелот во СЦ „Јане Сандански“ каде се вратија да играат во овој дел до сезоната. Но не успеваа, и покрај сите обиди, да му се приближат на поквалитетниот противник.
Ако во првиот дел, поентерски се „отвори“ Мичовиќ, во продолжението на играта во домашниот тим му се придружи и Јигитоглу, кој стигна и до двоен ефект изразен преку 17 поени и 11 скока.
„Гостите“, условно кажано, имаа големи проблеми со реализацијата особено тоа се однесува за три поени (само 16%, односно 4/24). Во офанзивниот дел сепак, некако во преден план, излегоа Трајковски (15.поени), Хот и Такер, кои додадоа по 13 поени во крајните 68 за Феникс 2010.
ПРВА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ 10.КОЛО
МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – ФЕНИКС 2010 83:68
НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП – ЧАИР 2030 84:91
РАБОТНИЧКИ – ЕУРО НИКЕЛ 2005 92:87
СТРУМИЦА 2022 – КУМАНОВО 2009 90:85
ГОСТИВАР – КОЖУВ 100:83
ТФТ – ПЕЛИСТЕР 95:90
ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 19, Гостивар 18, Пелистер 18, , ТФТ 16, Работнички 16, Феникс 15, Еуро Никел 2005 15, Кожув 13, Навико Академија 13, Куманово 2009 12, Струмица 2022 12, Чаир 2030 12;
ИДНО КОЛО (24.12)
Куманово 2009 – ТФТ
Чаир 2030 – Струмица 2022
Кожув – Работнички
Пелистер - МЗТ Скопје Аеродром
Еуро Никел 2005 – Навико Академија ФМП
Феникс 2010 - Гостивар