27.03.2024

Со победите против нископласираните Вардар (86:78), односно Навико Академија ФМП (98:89), фаворитите направија чекор напред на табелата

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Шампионот се врати на првото, а Пелистер „скокна“ на третото место

Со средбите во Скопје, односно во Битола, беше комплетирано и 21. претпоследно коло од регуларниот дело од Првата лига-мажи. 

ПЕЛИСТЕР – НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП      98:89

Изненадувачки изгледаа оние (47:49) на семафорот во салата „Боро Чурлевски“ во Битола во корист на гостинската екипа на истекот на 20.минута од играта.

Одлично, во тоа прво полувреме, особено во нападот одигра нивниот двоец Робертс (21.поен) и Петровски (12), додека кај Пелистер, репрезентативецот Маслинко нанижа 13. поени.

Но на почетокот на второто, малку поинаква слика на теренот. Со серија од (11-2), во рок од пет минути, „пелистерци“ го преземаа водството. Поведоа со (58:51). Беше слично (67:62) и по три одиграни периоди.

Преку Димитровиќ и неговите две тројки, во 34.минута, екипата од Кисела вода „се симна“ и на само „половина поен“ негатива (77:78).  

А два напади подоцна, скопјани стигнаа до изедначување, (82:82).

Сепак, во последните пет минути „пелистерци“ го пронајдоа својот, пред се, напаѓачки стил на игра. Парцијално гледано, направија (16-7), и стигнаа до планираната победа која ги става на скор (15-6) и трето место на табелата ви пресрет на последното коло (им следува гостување во Гевгелија).

Она што го најави во првото, Маслинко го комплетираше во второто полувреме. Репрезентативното крило застана на ефект од 31.поен (13/17 во шутот за два поени) и четири скока. Но во домашната екипа имаше уште четири играчи со десет и повеќе поени.

Мијовиќ постигна 13, Планиниќ имаше 12, а по 11 реализираше бековскиот двоец Костоски-Магдевски.

А на другата страна од теренот, Робертс запре на идентична бројка, односно 31 поен (но имаше и 11 асистенции и 6.скока), Петровски броеше до 15, а Пајиќ и Димитровиќ дадоа по 13.поени.

МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – ВАРДАР   86:78

По релативно „сиромашното“ прво полувреме во кое двете екипи реализираа само 70 поени, (МЗТ Скопје имаше шест поени повеќе, и водеше со (38:32), сосема друга слика на теренот во СЦ „Јане Сандански“ беше во третата четвртина.

Во оние воведни минути од второто полувреме, фаворитот се одвои и на двоцифрен плус (45:34). Но како минуваа минутите, така „вардарци“ се ослободија од притисокот, дури и преминаа во водство од (48:47), кога се играше 26.минута. Некоја подоцна, по поените на Бајрам и Фуџет, гостите одново ја вратија минималната предност (55:54).

Во последните две минути од третиот дел, домаќините направија нова мини-серија, сега од шест поени, за нова промена на водството (60:55), кое на само „еден посед“, го намали Кејс, кој постави (60:57).

Не се предаваа гостинските кошаркари, па и во последниот период го држеа големиот фаворит на „тенко растојание“. Во 34. минута, беше уште пониски (66:64), па и на (68:67), за „сино-белите“, чиј тренер Васко Атанасов мораше на теренот да ја врати и петорката која го почна натпреварот.

Уште еднаш, овојпат со серија од (10-3), екипата од Аеродром „се одлепи“, сега на (78:70), кои се покажаа како недостижни за жилавиот противник.

Делалиќ и Ворку постигнаа по 16, а Петков и Танасковиќ по 11.поени за МЗТ Скопје, додека пак одлично, пред се, шутерско издание кај Вардар имаше Бајрам, кој освен 29 поени (6/7 во шутот за три поени), имаше и по четири скока и исто толку асистенции. Фуџет го следеше со 19.поени, додека Хот имаше 12.поени и 8.скока.

По оваа победа МЗТ Скопје се изедначи со Работнички на првото место на табелата, според бројот на бодовите (по 38), додека вардар останува на последното место, но оваа игра ветува и подобри резултати во Плеј-аут лигата.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 21.КОЛО

Пелистер – Навико Академија ФМП 98:89

МЗТ Скопје Аеродром – Вардар         86:78

Охрид – ТФТ Моцарт       78:89

Еуро Никел 2005 – Чаир 2030  93:94

Гостивар – Кожув 104:73

Феникс 2010 – Работнички       69:98

ТАБЕЛА: Работнички 38, МЗТ Скопје Аеродром 38, Пелистер 36, Чаир 2030 35, ТФТ Mоцарт 35, Еуро Никел 2005 34, Феникс 2010 32, Гостивар 29, Кожув 26, Охрид 25, Навико Академија ФМП 25, Вардар 24;

ИДНО КОЛО (30.03)

Работнички – Гостивар

Кожув – Пелистер

Вардар – Еуро Никел 2005

ТФТ Моцарт – Феникс 2010

Навико Академија ФМП – МЗТ Скопје Аеродром

Чаир 2030 - Охрид