08.03.2024

Дуелот на „аба-два-лигашите“ е закажан за сабота (16.30 часот), со директен пренос на МРТ 3

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Шампионот веќе нема право на кикс, спремен ли е ТФТ да изненади во „Јане Сандански“?

Како одминуваат колата во Првата лига, така станува се поизедначен и изгледот на табелата во елитната дивизија.

До крајот на регуларниот дел остануваат уште четири круга, а во оној 19. се чини дека најголемо внимание привлекува оној дуел во СЦ „Јане Сандански“, каде во сабота, од 16.30 часот, МЗТ Скопје го дочекува ТФТ Моцарт.

Во мечот на двете екипи кои се дел од АБА 2 лигата, се чини дека бранителот на титулата веќе и нема право на кикс, секако како предуслов за прво место во првиот дел од првенството.

„Сино-белите“ ги потрошија сите „кредити“, сега не се „сами“ на првото место (го делат со големиот ривал, Работнички). А извесно е дека свои калкулации имаат и “црно-белите“, оние од Тафталиџе.  Се движат кон освојување на позиција повисока од актуелната (делба на петтата, со екипата на Пелистер).

Актуелниот ко-лидер на табелата Работнички (ефект 14-4) оди на гостување во Охрид (сабота, 18.часот, СЦ „Билјанини извори“).

Од 17.часот, во кадаваречки „Јасмин“, ќе играат Еуро Никел 2005 и Феникс 2010, додека пак час и половина подоцна, во Битола, Пелистер ќе го дочека Чаир 2030.

Актуелна е и трката за избегнување на последните две места на табелата. Оттука особено важен ќе биде исходот на средбата која се игра во салата „26.април“ во Гевгелија, каде во истиот термин (18.часот), ќе играат екипите на Кожув и Навико Академија ФМП (двете со скор 4-14).

Истиот „интерес“ го имаат и екипите на Гостивар и на Вардар кои ќе се сретнат во салата „Младост“ во Гостивар во натпревар кој стартува од 19.часот. Гостиварци се осми, со пет победи во 18. одиграни мечеви, и секоја победа плус ги води кон безбедната зона, односно учество во плеј-офот.

„Вардарци“ се на последното место на табелата, но секој успех, особено на гостински терен, ќе ги доближи кон опстанокот во друштвото на најдобрите.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

ДВОЈКИ 19.КОЛО

9. МАРТ (САБОТА)

16.30: МЗТ Скопје Аеродром – ТФТ Моцарт (МРТ3)

Голема сала на СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/AStU-VVgviY?si=K29lt0VUEQQyAOoO

17.00: Еуро Никел 2005 – Феникс 2010

Сала „Јасмин“ – Кавадарци

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/CY3QGUJsY0c?si=Z0dYpvXyIBk4rscB

18.00: Кожув - Навико Академија ФМП

Сала „26.април“ – Гевгелија

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/iQo-YVIQPOI?si=J9xHmScMq2jDLPLp

18.00: Охрид – Работнички

Сала „Билјанини извори“ – Охрид

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/OC4Z5esUVPI?si=5zCBT4muIAM7m_-k

18.30: Пелистер – Чаир 2030

Сала „Боро Чурлевски“ – Битола

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/Qjc_ulxT3jg?si=XmjAWU-CpYzi4IBb

19.00: Гостивар – Вардар

Сала „Младост“ – Гостивар

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/Kq3WlFB9Ns0?si=0agnZuw5dzCzriiR

ТАБЕЛА: Работнички 32, МЗТ Скопје Аеродром 32, Чаир 2030 31, Еуро Никел 2005 30, Пелистер 30, ТФТ Mоцарт 30, Феникс 2010 29, Гостивар 23, Кожув 22, Охрид 22, Академија ФМП 22, Вардар 21;