13.12.2023

Иако Кожув се покажа како цврст противник, на крајот победата остана за „металците“ (79:65)

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Шампионот во победнички ритам кон Широки

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром стигнаа до уште една планирана победа со која го „штитат“ првото место во овој прв дел од сезоната.

МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – КОЖУВ     79:65

Една одлично одиграна прва четвртина беше од голема помошна за домашните кошаркари. Во првиот период од играта „сино-белите“ направија голема предност од 15.поени (26:11), која го одреди понатамошниот тек на настаните во СЦ „Јане Сандански“.

Гостите од Гевгелија се обидуваа, и делумно успеаја да се вратат „назад“ во натпреварот. До полувремето анулираа половина од високата негатива, во соблекувалните влегоа со прифатливи (32:40).

Но, МЗТ Скопје е доволно квалитетен противник за да знае таа предност да ја одбрани, што и се случи по одморот од петнаесетина минути.

Во ниту еден момент бранителот на шампионскиот трофеј не дозволи Кожув да им направи поголеми проблеми.

И онака во рутинерски стил го одработи второто полувреме, минути во кои имаа контрола и над играта, и на резултатот.

Уште еднаш ги предводеше Војдан Стојановски кој реализираше 18.поени. Помогнаа и Ворку, со дабл-дабл скор од 12.поени и 10.скока (плус и 4 асистенции), и Баковиќ со сличен двоен ефект изразен преку 11.поени и исто толку скокови.

Интересно, во екипата на Кожув имаше дури петмина играчи со десет и повеќе поени. Од нив Слејтер застана на 14.поени, Артисон и Караџовски имаа по 12, Хукиќ, еден помалку, а Криснан десет поени.

По 12 одиграни кола, МЗТ Скопје Аеродорм има скор од 11.победи и еден пораз, Кожув е на ефект (3-9).

Инаку, еден натпревар ќе се игра во четврток, од 18.часот, во кој екипата на ТФТ Моцарт е во улога на домаќин на Работнички.

Овој меч ќе биде пренесуван и на програмата на МРТ 3.

На 16. декември (сабота), од 18.часот, во салата „Билјанини извори“, дуел на две екипи од долниот дел од табелата, се среќаваат Охрид и Вардар.

Во недела пак уште два натпревари. Од 18.часот, во кавадаречки „Јасмин“, ќе играат Еуро Никел 2005 и Навико Академија ФМП, а нешто подоцна (20.часот), во малата сала на СЦ „Јане Сандански“, Феникс 2010 е домаќин на екипата на Чаир 2030.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 12.КОЛО

Пелистер – Гостивар       89:88

МЗТ Скопје Аеродром – Кожув           79:65

14. ДЕКЕМВРИ (ЧЕТВРТОК)

18.00: ТФТ Моцарт – Работнички (МРТ3)

Сала на СРЦ „Кале“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/3l1btig5ajM?si=rooKFoLc8rA3dB85

16. ДЕКЕМВРИ (САБОТА)

18.00: Охрид – Вардар

Сала „Билјанини извори“ – Охрид

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/czkMn9iqqIA?si=Wj5RuYU1miB9mWeT

17. ДЕКЕМВРИ (НЕДЕЛА)

18.00: Еуро Никел 2005 – Навико Академија ФМП

Сала „Јасмин“ – Кавадарци

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/6DYlcBjEKSk?si=087HwNPFGuk_fkxJ

20.00: Феникс 2010 – Чаир 2030

Мала сала на СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/PMD2mUNBfNo?si=dBQeHfYjOijdGPvZ

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 23, Пелистер 21, Еуро Никел 2005 19, Работнички 18, Чаир 2030 18, ТФТ Моцарт 18, Феникс 2010 17, Гостивар 16, Кожув 15, Вардар 14, Навико Академија ФМП 13, Охрид 12;