10.12.2022

Навико Академија ФМП победи по втор пат по ред, максимално искористена кризата на кумановци, (102:83)

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Смит Меквејн со „трипл-дабл“ ги донесе „лавовите“ до победа во Куманово

Вечерва се играше уште еден натпревар од 9. првенствено коло, Куманово 2009 - Навико Академија ФМП.

Победата на „лавовите“ од Кисела Вода и не е изненадуавње, ако се земе в предвид со какви кадровски проблеми се кумановци од почетокот на оваа сезона

КУМАНОВО 2009 - НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП     83:102

Навико Академија ФМП како полека да се „навикнува“ на победите.

Ги искористија сите слабости на противникот присутни не само на овој натпревар, избраниците на тренерот Никола Боиновски.

Практично од првата минута му порачаа на ривалот дека во Куманово се дојдени да го надградат она што го реализираа на претходниот меч кога ја победија Струмица.

За тоа сведочат и оние 35 поени кои ги реализираа во првите десет минути на средбата во Куманово. Примија гостите многу помалку, 21, доволно да си ја олеснат работата во продолжението на играта.

Вториот период беше и најдобар за екипата-домаќин.

Десет минути во кои кумановци, практишно со една петорка во која имаат и нов играч (Стротер), успеаја да симнат добар дел од високата негатива, и на одмор да заминат со прифатливи пет поени негатива (44:49).

Но тоа беше и се што направија кумановските „сино-бели“ на овој натпревар во кој уште еднаш беше евидентирана кризата, која ги остава на долните позиции на табелата.

Гостите од Скопје имаа расположен напад. Го преводеше Пајиќ, кој за кратко време „стави“ дури пет од 15. тимски тројки (Џонс и Настовски имаа по четири). Тоа беше неодбранливо за противникот каде свои минути, во недостиг на играчите кои си заминаа, добија некои од играчите кои доскора беа дел од младинскиот тим.

А Мак Смит-Меквејн стана еден од ретките играчи во македонската Прва лига кој направи трипл-дабл ефект.

Имаше  Американецот 26.поени (10/15 во шутот од игра), 11.скока и 10.асистенции за скоро 36.минути на теренот во салата „Перо Наков“, односно индекс-38!

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 9. КОЛО

Струмица 2022 – ТФТ      84:111

Куманово 2009 - Навико Академија ФМП  83:102

11.ДЕКЕМВРИ (НЕДЕЛА)

18.00: Еуро Никел 2005 - Гостивар

Сала „Јасмин“ - Кавадарци

ЛИНК: https://youtu.be/tELYH9p2s7I

19.30: Чаир 2030 - Работнички

Сала „Шабан Трстена“ – Скопје

ЛИНК: https://youtu.be/VQvNXIxKI6o

20.00: Феникс 2010 - Пелистер

Голема сала СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

ЛИНК: https://youtu.be/1v_QeUIwAjI

12. ДЕКЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК):

18.00: Кожув - МЗТ Скопје Аеродром

Сала „26.април“- Гевгелија

ЛИНК: https://youtu.be/R9mloyoMYd8