Едно сосема поинакво, сосема добро издание на екипата на Кожув, која стигна до убедлива победа на средбата против подобро рангираниот Гостивар, на дебито на Борче Даскаловски како шеф на струката во клубот од Гевгелија.
КОЖУВ – ГОСТИВАР 102:67
Одлично прво полувреме одиграа кошаркарите на Кожув. Уште во раната фаза од натпреварот, гевгеличани се стекнаа со повеќе од солидна предност, која на истекот на десетата минута беше (26:17).
Во ист стил продолжија и во вториот дел од играта. Оној во кој тимот кој сега го предводи Борче Даскаловски, дојде и до плус од 22.поени (46:24). Но во оние нешто повеќе од две минути, гостите од Гостивар некако се консолидираа. Со серијата од (10-2), успеаја да намалат на прифатливи , за нив (34:48) на полувремето.
Дел од играта во кој најискусниот во нивните редови, Караџовски собра 11.поени. И беше единствениот со двоен број на поени на двете страни од теренот.
Уште подобро одиграа гевгеличани во второто полувреме. Едноставно не му оставија ниту тронка на надеж на гостинот. Напротив, имаа двојно поголеми (32:16) во третиот дел од играта во која ја потврдија победата.
Дојде после еден подолг период, и веднаш по тренерската промена. За екипата од Гевгелија, трета во десет одиграни кола, а во која Слејтер и Криснан завршија со по 18.поени, Караџовски застана на 13. поени, додека Митевски и Хукиќ имаа 12. реализаци.
НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП – ПЕЛИСТЕР 85:112
Максимално ефикасно прво полувреме одиграа гостите од Битола на гостувањето во Кисела Вода. Реализираа точно 50.поени, во целост го надиграа својот противник. Со исклучок на неколку минути, оние пред крјаот на првата четвртина во кои успеаја да симнат дел од негативата, кошаркарите на Навико Академија ФМП беа во постојано заостанување.
Имаа битолчани вишок од девет поени (19:10) по пет минути игра, за тој прв дел од мечот домаќините го завршат со поднослив минус (18:24).
Но „зелено-белите“ брзо отидоа на позитива поголема од десет поени. Имаа сигурни (34:21) во текот на 14.минута. По поентирањето на Стојановски, Пелистер имаше и повисоки (42:27), а Маслинко таа разлика ја зголеми и на +16 (46:30).
Во таа насока се движеше, но и заврши тоа прво полурвеме. Доста позитивно за „пелистерци“ кои имаа идентични, но и комотни (50:34). А во кои Мијовиќ „се вгради“ со 14, а Маслинко со десет реализации.
Гостите од Битола ја имаа третата четвртина како најефикасна. Постигнаа 31.пое, или седум повеќе во однос на потивникот кој мораше да го признае поразот, и да ја прекине успешната серија на игри.
Дури шестмина двоцифрени ииграчи имаше во тимот кој го предводи Дарко Радуловиќ...
Мијовиќ запре на 26.поени, Маслинко имаше 18, Планиниќ 14, а Стојановски и Магдевски по 12.поени (репрезентативниот бек имаше и исто толку успешни додавања), еден поен повеќе од Хот, кој пак собра и 17. скока под двата коша.
Сосема добра беше и распределбата на поените во домашниот состав. Една петорка „двоцифрени“, која со 22 поени и 10.скока ја предводеше Брукс По 16 имаа Петровски и Огундиран.