19.11.2022

Екипата на Феникс 2010 го претрпе првиот пораз на домашен терен, Еуро Никел 2005 слави во Скопје (83:78)

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Соколов погодува кога е најпотребно, Еуро Никел 2005 конечно победи во „Кале“

Вкупно втор оваа сезона за младиот тим откако ја стигнаа негативата од десет поени, но во финишот „на искуството“, на Дарко Соколов, кој ја погоди клучната тројка во последната минута од мечот, кавадарчани стигнаа до „брејк“ во Скопје и важна победа по паузата во шампионатот.

ФЕНИКС 2010 – ЕУРО НИКЕЛ 2005     78:83

Денешниот дуел беше трет за Еуро Никел 2005 во СРЦ „Кале“ од почетокот на оваа сезона, а стигнаа само до првата победа, откако претходно загубија од Чаир 2030 и од ТФТ.

Кавадарчани излегоа посилни од сите проблеми со кои се соочија последните недели и со само седум кошаркари го победија најнезгодниот ривал во лигата.

На овој меч, до израз дојде искуството на гостинските играчи кои во текот на мечот водеа и со 17 поени разлика, како оние (65:48).

Но и тука не беше скршен отпорот на Феникс 2010. На 50 секунди пред крајот, домашниот тим дојде до израмнување (76:76), подоцна и (78:78), но тука домаќинот како да застана одново.

Дарко Соколов со исклучително важна тројка го однесе Еуро Никел на (81:78), Бакингем во следниот напад не успеа да врати, а конечниот резултат го постави Планиниќ од линијата за слободни фрлања.

Марјан Младеновиќ беше творецот на првиот скопски трумф на кавадарчани. Искусниот бек остигна 27 поени, а имаше уште и по седум скока и асистенции. На спротивната страна му парираше Бојан Трајковски кој постигна 24 поени.

По шест одиграни кола двете екипи сега се израмнети со биланс од четири победи и дв порази.