08.11.2023

Во вечерашниот дуел (17.30 часот), МЗТ Скопје Аеродром важи како фаворит, но мора да го покаже тоа на теренот, со екипата која го делат истиот...

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Соседски дуел во СЦ „Јане Сандански“, Феникс 2010 го предизвикува првакот

Поради претстојните обврски на екипата која ја брани шампионската титула во АБА 2 лигата, својот меч од 7. првенствено коло екипите на МЗТ Скопје Аеродром и Феникс 2010 ќе го одиграат вечерва.

Во 17.30 часот во големата сала на СЦ „Јане Сандански“, во соседскиот дуел Феникс 2010 (3-3) ќе се обиде да го изненади големиот фаворит. И тоа во доста изменет состав со некоку нови, пред се странски кошаркари.

Зад „металците“ е серија на победи кои ги оставија на делба на првото место на табелата, додека пак во краток временски период „Фениксовци“ ќе мора да играат против уште еден фаворит, МЗТ Скопје Аеродром (5-1), веројатно и најголемиот за шампионската титула. Пред некоја вечер, загубија во дуелот со вицепрвакот, Пелистер, вечерва пак, за избраниците на тренерот Денис Дервишевиќ е уште потешка задача – да пробаат да го изненадат шампионот.

Останатите пет натпревари, интересно, ќе се играат во саботниот термин, би се рекло, оној најредовниот. И тоа на пет различни „локации“, во близок временски интервал(и).

Од 18.часот, Гостивар (скор 2-4), е домаќин на, извесно, најпријатното изненадување во оваа фаза од првенството, екипата на Чаир 2030 (5-1), а во исто време, но во  Гевгелија, Кожув (1-5), ќе ја бара втората победа против Вардар (скор 3-3).

По големата победа над Работнички во Скопје во минатото коло, кошаркарите на Еуро Никел 2005 (4-2) ќе бараат „потврда“ за тие два бода на свој терен против новакот во оваа конкуренција, Охрид.

Половина час подоцна следува и веројатно највозбудливата пресметка во овој седми круг од првенството. Онаа „абалигашката“ во која во Битола, Пелистер (4-2) го пречекува составот на ТФТ Моцарт (5-1).

Последниот меч е закажан за 19.часот, во салата „Независна Македонија“ во Скопје, во кој Навико Академија ФМП (0-6) има нова шанса за прва прволигашка победа во оваа сезона во дуелот во кој за противник ја има екипата на Работнички (3-3).

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

ДВОЈКИ 7.КОЛО

8. НОЕМВРИ (СРЕДА)

17.30: МЗТ Скопје Аеродром – Феникс 2010 (МРТ3)

Голема сала СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/Ma7vj2_w9YE?si=iCldiRJH3llPm7hE

11.НОЕМВРИ (САБОТА)

18.00: Гостивар – Чаир 2030

Сала „Младост“ – Гостивар

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/PUAMKxcVe4M?si=9YmMJlZuSq_B8USW

18.00: Кожув – Вардар

Сала „26.април“ – Гевгелија

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/W3Fs02O1xm8?si=yKZAsxeTUGLjokiZ

18.00: Еуро Никел 2005 – Охрид

Сала „Јасмин“ – Кавадарци

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/jC6IiHyO81E?si=m1a4OjmDepQTm5J7

18.30: Пелистер – ТФТ Моцарт (МРТ 3)

Сала „Боро Чурлевски“ – Битола

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/XpXuw_vXAY0?si=rQhZPGebB5Q7CUod

19.00: Навико Академија ФМП – Работнички

Сала „Независна Македонија“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/a9jQyTYVEKo?si=u0kfFH8G7yW6CVh5