Гостите од Скопје имаа феноменален почеток крунисан со водство од (22:8), но брзо го загубија, струмичани имаа вистински адут во Светозар Стаменковиќ, кој одигра феноменален натпревар, дојде до неверојатни бројки, и што е поважно за екипата за која игра – победа.
СТРУМИЦА 2022 – ФЕНИКС 2010 98:92
Одличниот почеток кој го имаа гостите од Скопје во која за само неколку минути направија висока предност од 14. поени (22:8), не им беше гаранција за мирно продолжение на гостувањето во „Парк“.
За само две минути, Струмица 2022 се врати „назад во мечот“. Со серија од (12-2) го затворија домашните кошаркари првиот период, доволно да бидат во еден и тоа како прифатлив, минус од четири поени (20:24).
Како одминуваа минутите во вториот период, така се посигурно делуваа струмичани,тоа не можеше да се каже за екипата на другата страна од теренот. Големата желба го донесе домаќинот и до водство (32:31), како што беше на семафорот во 16.минута од натпреварот. Во оние другите, двете екипи се менуваа во водството, сепак, на полувремето Феникс 2010 замина со (44:42).
Бекингем стрелаше за 12. поени кај гостите, го следеа Трајковски и Петков со по девет, додека пак на домашната страна се издвои српскиот двоец Стаменковиќ-Крстајиќ кои искомбинираа 22.поени, повеќе од половината на повратникот во друштвото на најдобрите.
По израмнетата трета четвртина во која Струмица 2022 беше екипата со минимално водство (64:63), егал резултат (82:82) беше до три и пол минути пред крајот, кога погоди Трајковски.
Но во минутите на одлука, Струмица го имаше Стаменковиќ, кој кога требаше покажа сигурност во играта, и пред се во поентирањето.
За нецели две минути го донесе својот тим до (91:84), за мирен финиш во последната минута, и прва победа на Струмица 2022 како нов прволигаш.
Стаменковиќ застана на 36.поени, со неверојатен скор 4/4 за три и 7/7 за два поени и 10/11 од линијата за слободни фрлања. А освен тоа имаше и 14. скока, шест асистенции, сето тоа за рекорден, и тешко достижен индекс – 57!!!
Го следеше Крстајиќ со 18, а свои одлични минути имаа и Волкановски (заврши со 12.поени) и посебно уште помладиот Зетов. Нашиот кадетски репрезентативец помогна со 11.поени.
Четворица „двоцифрени“ играчи имаше и кај Феникс 2010. Трајковски го заврши мечот со 22.поени (и девет скока), Бекингем даде 20, Петков 14, а Митревски уште 13.поени.
Во вторник (од 18.часот) во Скопје, следува дуелот помеѓу екипите на Навико Академија ФМП и Пелистер, а колото број 3 ќе биде затворено со вечното дерби Работнички-МЗТ Скопје Аеродром кое се игра во среда, од 17.часот во СРЦ „Кале“’.
ПРВА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 3. КОЛО
Струмица 2022 – Феникс 2010 98:92
Чаир 2030 – Еуро Никел 2005 74:73
Куманово 2009 – Кожув 92:78
Гостивар – ТФТ 90:83
25. ОКТОМВРИ (ВТОРНИК):
18.00: Навико Академија ФМП – Пелистер
Сала „Независна Македонија“ – Скопје
ЛИНК: https://youtu.be/HPy-3vmODWs
26. ОКТОМВРИ (СРЕДА):
17.00: Работнички – МЗТ Скопје Аеродром (МРТ 3)
Сала на СРЦ „Кале“ – Скопје
ЛИНК: https://youtu.be/m5Y6nArTW_o
ТАБЕЛА: Гостивар 6, Еуро Никел 2005 5, Феникс 2010 5, Чаир 2030 5, Струмица 2022 4, Кожув 4, ТФТ 4, Куманово 2009 4, МЗТ Скопје Аеродром 3 (-1), Пелистер 3 (-1), Навико Академија ФМП 3 (-1), Работнички 2 (-1);