Само една вистинска закана испрати последнопласираната екипа на онаа која е на првата. Во периодот од 16 до 20 минута, кога негативата од 16 поени ја намали на достижни четири...
СТРУМИЦА 2022 - МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ 63:88
Но ништо и повеќе од тоа не успеа да направи „фенерџијата“ во лигата, кој јасно е, своја шанса за победа и „бгество“ од последното место ќе побара на некој друг натпревар.
Не и на овој против актуелниот освојувач на Купот во оваа и шампион од ланската сезона.
МЗТ Скопје Аеродром имаше високи (44.27) после нешто повеќе од 15 минути од играта, кога Струмица 2022 ги одигра своите најдобри, нецели пет минути.
Оние во кои направија серија од (12-0), со која му се приближија на фаворитот, на достижни (39:44), пред серијата, со своите први поени, не ја прекине Кук, и постави (46:39).
Интерсне податок, во тоа прво полувреме, резервниот тим од Аеродром имаше постигнато повеќе од оној стартниот. Играчите од клупата забележеаа 27, а стартерите (браќата Стојановски, Миќовиќ, Абу и Кук) „само“ 19.
И на крајот, распределбата на поените во гостински тотим не беше поинаква. Кенадре Кук беше убедливо најдобриот стрелец, на 29 поени за МЗТ Скопје Аеродром, а Крстевски, кој исто така почна од клупата, дополни со 14, и беа единствените со двоцифрен број на дадени поени за „сино-белите“ од Скопје.
Кај оние од Струмица, 15 уфрли Крстајиќ, 11 беа дело на Обиквели, а уште десет додаде Димитриев.
ПРВА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ 16. КОЛО
Струмица 2022 - МЗТ Скопје Аеродром 63:88
Кожув – Еуро Никел 2005 75:77
Гостивар – Навико Академија ФМП 85:78
Феникс 2010 – Чаир 2030 75:67
Пелистер – Куманово 2009 104:70
ТФТ Моzzart – Работнички 92:89
Струмица 2022 - МЗТ Скопје Аеродром
ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 30, Пелистер 29, ТФТ Mozzart 27, Феникс 2010 26, Гостивар 26, Еуро Никел 2005 24, Работнички 24, Кожув 22, Куманово 2009 20, Чаир 2030 19, Навико Академија ФМП 19, Струмица 2022 18;
ИДНО КОЛО (11.03)
Струмица 2022 – Гостивар
Кожув – ТФТ Мozzart
Куманово 2009 – МЗТ Скопје Аеродром
Чаиро 2030 - Пелистер
Навико Академија ФМП – Работнички
Еуро Никел 2005 – Феникс 2010