20.05.2022

Победникот од неделниот дуел во СРЦ „Кале“, ќе го даде четвртиот учесник во доигрувањето за титулата

ПРВА ЛИГА-МАЖИ СУПЕРЛИГА 10.КОЛО / ПЛЕЈ-АУТ ЛИГА 9.КОЛО: Само уште една Плеј-оф дилема, ТФТ или Гостивар?

ФОТО: Екипите на ТФТ и Гостивар во директен дуел одлучуваат за последниот патник во плеј-офот

Натпреварот ТФТ – Гостивар, закажан за недела од 18.часот, а ќе се игра во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје (пренос на МРТ), ќе го даде четвртиот и последен учесник во завршнцата на оваа натпреварувачка сезона во Првата лига-мажи.

По триумфот на Еуро Никел 2005 против Пелистер, во претходното коло, стана јасно дека кавадарчани се третата екипа која покрај МЗТ Скопје Аеродром (моментален скор (27-4) и Пелистер (24-6) е биде дел од доигрувањето за шампионскиот трофеј.

На коло пред крајот, и дуелот на домашен терен против Феникс 2010 (сабота, 12.часот), Еуро Никел 2005 има недостижни (18-13), за екипата која ќе го загуби дуелот во „Кале“, каде предноста на домашниот терен ја има екипата од Тафталиџе.

Јасно е и зошто, ако се земе в предвид дека и двете екипи влегуваат со идентичен ефект (17-14). А за нешто повеќе од плеј-оф, една од тие две екипи ќе треба да чека пораз на екипата од Кавадарци во мечот со отпишаниот Феникс 2010 (скор 14-17).

Победа на кавадарчани значи и сигурна трета позиција, и Пелистер како противник во полуфиналната серија на Плеј-офот.

Победникот од дуелот ТФТ-Гостивар според проекцијата за Плеј-офот, ќе игра против првопласираниот МЗТ Скопје Аеродром, кој оди во недела попладне (16.30 часот), во Битола оди само за да го задржи стонастотниот ефект во Суперлигата, секако и да го потврди постоечкиот квалитет.

Такви дилеми нема во Плеј-аут конкуренцијата. Извесно е дека екипите на Ангели и на МЗТ Скопје Уни Банка се селат во Втората лига, па преостанатите две кола ќе бидат само за одредување на конечниот пласман за натпреварувачката сезона 2021/2022.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

СУПЕРЛИГА – ДВОЈКИ 1О.КОЛО

21. МАЈ (САБОТА):

12.00: Еуро Никел 2005 – Феникс 2010

Сала „Јасмин“ - Кавадарци

https://youtu.be/WOCEw_ZxJJo

22. МАЈ (НЕДЕЛА):

16.30: Пелистер – МЗТ Скопје Аеродром

Сала „Боро Чурлевски“ – Битола

https://youtu.be/Zr8QOVu0Z0U

18.00: ТФТ – Гостивар (МРТ)

Сала на СРЦ „Кале“ - Скопје

https://youtu.be/vnx7LOMnO5U

ТАБЕЛА: *МЗТ Скопје Аеродром 27-4, *Пелистер 25-6, *Еуро Никел 2005 18-13, Гостивар 17-14, ТФТ 17-14, Феникс 2010 14-17;

* – обезбедиле место во Плеј-оф

ПЛЕЈ-АУТ ЛИГА – ДВОЈКИ 9. КОЛО

21. МАЈ (САБОТА):

15.00: Кожув – Навико Академија ФМП

Сала „26.април“ – Гевгелија

https://youtu.be/ncLdUhHTpu8

18.00: Куманово 2009 – Работнички

Сала „Перо Наков“ – Куманово

https://youtu.be/iNf2F_mo_Y4

18.00: Ангели – МЗТ Скопје Уни Банка

Сала „Независна Македонија“ – Скопје

https://youtu.be/cYz5TbcRagg

ТАБЕЛА: Навико Академија ФМП 16-14, Кожув 13-17, Работнички 13-17, Куманово 2009 11-19,  *Ангели 8-22,* МЗТ Скоје Уни Банка 4-26;

*- испаѓаат од Првата лига-мажи