11.05.2022

По триумфот против Еуро Никел 2005 (95:75), екипата од Аеродром е привремен лидер на табелата, со победа повеќе пред Пелистер

ПРВА ЛИГА МАЖИ-СУПЕРЛИГА 7.КОЛО: МЗТ Скопје Аеродром не им даде никаква шанса на кавадарчани

Шампионот одигра во еден таков стил на гостувањето во салата „Јасмин“ во Кавадарци...

ЕУРО НИКЕЛ 2005 – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ 75:95

Победнипки продолжуваат кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром во Суперлигата. Стигна до уште едне, сега и убедлив триумф, на гостуавњето во Кавадарци. Беа далеку поквалитетен ривал во однос на Еуро Никел 2005, екипа која евидетно е во голема криза на резултати.

Се потврди тоа и на вечерашнито дуел во „Јасмин“, во кој скопските „сино-бели“ покажаа дека се во врвна форма, и дека макар и привремено, со право се на пол-позицијата во Суперлигата пред последните три кола, а потоа и доигрувањето.

Трета фаза која пак станува се подалечна за кавадарчани (сега на скор 16-13) кои го запишаа и четврттиот пораз по ред во оваа фаза од натпреварувањето.По трите порази на гостински, стигна и неуспех на домашен терен.

А една одлично одиграна четвртина, онаа третата, беше решавачка за конечниот епилог од средбата во Кавадарци. Десет минути во кои „металците“ направија (30:16), доволно да се одвојат, на крајот и да победат.

​Пет гостински кошаркари финишираа со десет и повеќе реализации, најмногу 18 дојдоа од Милошевиќ, новакот Ајви имаше 13, по 12 постигнаа Крстевски и Д. Стојановски. На другата, кавадаречка страна, Дубински даде 11, по еден помалку имаа Караколев и Ѓекиќ.

Утре вечер се играат преостанатите два дуели од ова седмо коло од Суперлигата во кои ТФТ е домаќин на Пелистер (19.00 часот), А Феникс 2010 на Гостивар (20.00 часот).  

ПРВА ЛИГА МАЖИ

СУПЕРЛИГА – РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 7.КОЛО

Еуро Никел 2005 – МЗТ Скопје Аеродром 75:95

12. МАЈ (ЧЕТВРТОК)

19.00: ТФТ – Пелистер

Сала СРЦ „Кале“ – Скопје

https://youtu.be/8FWcjSgat2c

20.00: Феникс 2010 – Гостивар

Голема сала на СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

https://youtu.be/H3CpGs-n2V0

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 25-4, Пелистер 24-4, Еуро Никел 16-13, Гостивар 16-12, , ТФТ 15-13, Феникс 2010 14-14;